-5.2 C
Скопје
05:33 - 25 ноември, 2024

Ова е милениумското мени за јубилејот на Бигорски манастир: Ладни и топли предјадења да излижете прсти, риба како главно јадење

Трпезата за милениумската прослава на манастирот „Св. Јован Бигорски” ќе биде во духот на светилиштето и празничната свеченост. Гостопримливоста на домаќините ќе се огледа и на масите на кои ќе биде послужена храна. Сé во духот на традицијата и вкусот на македонската кујна.

Предизвикот им беше доверен на најдобрите готвачи кои работат во реномирани македонски ресторани. Менито за славеничката трпеза го подготвија петмина мајстори на кулинарството од здружението MCC (Macedonian culinari chef). Тие два дена престојуваат во манастирот и работат под полна пареа.

Шефовите-готвачи велат дека пред составување на менито, се водело сметка на дадените препораки и тоа да биде во склад со манастирските правила кога е во прашање исхраната. На трпезата нема да има црвено месо, а јадењата ќе бидат направени, главно од продукти кои монасите и монахињите сами ги произведуваат.

Готвачите велат дека послужената храна го има традиционалниот вкус на македонската кујна, но ќе има мали измени кои се во склад со новите гастрономски трендови. Работата на врвните мајстори на кулинарството: Зоран Андонов, Бобан Симоноски, Никола Мишковски, Деан Карапеев и Зоран Мајновски ја следи отец Захари кој дава насоки.

Славничкото мени што ќе биде понудено на гостите ќе оди според манастирскиот ред:

Ќе се започне со златна капка, а за аперитив ќе биде послужена познатата Бигорска мастика и ликерите што се прават во манастирската економија. Салатата ќе биде микс од сезонски артикли и зеленчуци. Неизбежни ќе бидат месените продукти: пита сарајлија, питулици и ѓомлезе. Меѓу ладните предјадења ќе се послужат: домашен ајвар, пинџур, сирење, кашкавал, пиперки полнети со кајмак и бајалдии (полнет црн патлиџан). За лажица или топло предјадење ќе има чорба (потаж) од тиква со која ќе се служи и кисело млеко. На трпезата секако ќе се најде и манастирски леб, кој се подготвува според стар рецепт.

Главното јадење во основа ќе биде риба, па покрај печено парче риба, ќе има кромидарник со димен крап во глинено грне и сето тоа придружено со гарнир од зеленчук. Десертот ќе биде посен, во духот на традицијата, па за да се заблажи закуската ќе се послужи варена тиква со мед и ореви.

мени

1. аперитив

2 салата микс од свежи зеленчук

3. месени јадења: пита сарајлија, питулици, ѓомлезе

4. мезе: ајвар, пинџур, сирење, кашкавал, пиперки со кајмак бајалди (полнет модар патлиџан)

5. чорба (потаж) од тиква со кисело млеко од страна и манастарски леб

6 Главно јадење: парче риба, кромидарник со димен крап во грне и гарнир од зленчук

7. десерт: тиква со мед и ореви

The post Ова е милениумското мени за јубилејот на Бигорски манастир: Ладни и топли предјадења да излижете прсти, риба како главно јадење appeared first on Слободен печат.


Ова е милениумското мени за јубилејот на Бигорски манастир: Ладни и топли предјадења да излижете прсти, риба како главно јадење was first posted on октомври 18, 2020 at 10:34 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....