7.8 C
Скопје
01:19 - 28 април, 2024

Опозицијата да побара одложување на изборите

„Bладата веднаш да прогласи кризна состојба на цела територија на држават што ќе ги активира сите законски механизми за разрешување на кризната состојба.“ Ми се допадна овој предлог на лидерот најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но следниот чекор со кој може да го надгради овој предлог е да побара и одложување на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април, на неопределено време.

Факторот време е исклучително важен во борбата со вирусот. Експертот Игор Рудан напиша дека во рок од 2-3 дена светот треба да одлучи како ќе се бори со пандемијата за евентуално со глобално усогласена стратегија да се потсмири напаста до крајот на јуни. Ова поради опасноста да не се дојде во фаза во која здравствените власти на секоја земја не би можеле да ја контролираат ситуацијата. Оттаму, ВМРО-ДПМНЕ, не утре, туку денеска треба да излезе со ваков предлог.

Изјавата на Мицкоски укажува на свесност за сериозноста на моментот, оттаму мислам дека можеби и во Белата палата се размислува на оваа тема. Само неколку дена останаа до почетокот на изборната кампања, период во кој сигурно нема да се надмине кризата со коронавирусот. Дури и евентуалното откажување од класичната кампања со партиски митинзи нема да го спречи ризикот од експоненцијално ширење на болеста.

Самите избори, на некој начин, се масовен собир, за кои мометно има забрана. Извесно е дека условите се веќе вонредни, ако не за другите, тогаш за општините Дебар и Центар Жупа, каде што прогласувањето кризна состојба од 30 дена значи и опфат и на денот на изборите. Тешко е да се верува дека во услови на карантин, со полиција и војска која е присутна на теренот од други причини, е можно да се спроведат регуларни и демократски избори во тој регион.

Предлогот треба да произлезе од опозицијата за утре да не може тоа да се злоупотребува во кампањата. Ако досега беа и „очекувани“ прес-конференцииите со пораки дека власта постојано бега од избори, според мое длабоко убедување, со ваков предлог лидерот на опозицијата може само да „порасне во очите“ на неопределените гласачи, кои во моментов немаат други приоритети освен здравјето на семејството.

Тоа ќе значи дека ги поттикнува и партиите на власт да ја напуштат вообичаената напаѓачка реторика и методите на црната кампања. Кризата наметнува приоритет сите сили да се насочат кон спречување на ширењето на заразата, односно кон намалувањето на штетите што таа ќе ги предизвика. Кога ќе дојде време, нека им се вратат, и едните и другите, на омилените им теми „Рекет“ и „Сваровски судство“.

Тоа што имаме техничка влада во моментов донекаде е и добро. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој денеска, по службена должност ќе присуствува на состанокот на Советот за национална безбедност, ќе ги добие сите валидни информации од прва рака за да ги пренесе на партиското раководство. Вкупниот впечаток е дека, сепак, има консензус за здраворазумско однесување.

Нека бидат најважни теми поттикнување на солидарноста, обединувањето на сите ресурси, човечки и материјални, провладини и опозициски, за постигнување една цел. Состојбата е вонредна и без воведување полициски час. Енергијата треба да се насочи кон животот, не кон политиката. Секој ден е значаен во борбата со заразата и рационалното искористување на ресурсите. Чувајте го возниот парк за транспорт на намирници, лекари, а не за партиски митинзи.

The post Опозицијата да побара одложување на изборите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....