1.8 C
Скопје
22:38 - 21 декември, 2024

Операторите се закануваат со „кабелски“ мрак доколку Владата не им попушти за реемитувањето

Повеќе кабелски оператори за денеска попладне, од 18 часот најавија едночасовен протестен прекин на реемитувањето сите ТВ канали вклучително и македонските (освен МТВ), како реакција на Уредбите на Владата кои се однесуваат на регистрација на странски канали. Операторите се жалат дека се принудени на оваа мерка како последна опомена поради наметнатите нови правила кои, како што велат, се неприменливи и од 6 август ќе мора да ги изгасат каналите.

За да се избегне оваа мерка-протест, на барање на АВМУ беше закажан состанок меѓу преставници на операторите, со македонските национални телевизии и со министерот Дамјан Манчевски, но до неа не дојде бидејќи приватните телевизии не покажале интерес да присуствуваат.

Операторите се закануваат дека по овој едночасовен прекин ќе следува и посилна реакција. Од среда со почетокот на предизборната кампања, операторите ќе ги исклучуваат каналите секој ден од 19 до 22 часот.

Операторите велат дека овој нивен чекор се должи на измената на законската и подзаконската регулатива во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со која на операторите им се наметнуваат неуставни обврски.

„На овој начин сакаме да го подигнеме нивото на свесност за сериозноста на ова прашање кај пошироката јавност, особено нашите крајни корисници, кои ќе бидат најмногу погодени од актуелното законско решение. И покрај сите напори, реакции и отвореност за соработка, во интерес на корисниците, состојбата со реемитување на телевизиски канали нема решение туку сè повеќе се комплицира. Одлуката за времени прекини ја поддржуваат сите оператори кои се дел од Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија“, соопшти здружението на кабелските оператори.

The post Операторите се закануваат со „кабелски“ мрак доколку Владата не им попушти за реемитувањето appeared first on Слободен печат.


Операторите се закануваат со „кабелски“ мрак доколку Владата не им попушти за реемитувањето was first posted on јуни 21, 2020 at 4:17 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....