4.8 C
Скопје
17:46 - 26 декември, 2024

Онлајн пазарење на македонски начин: Купуваш денес, а храната ќе ти стигне за девет дена

Ширењето на коронавирусот и опасностите кои тој може да ги предизвика по здравјето многумина исплашија и ги одвратија од идејата да одат да пазаруваат во продавниците.

Покрај опасноста да се добие вирус ако се оди во продавница мора да се чека да се влезе внатре, а онаму каде се уште може да влезете без да чекате надвор ќе чекате долги редици на каса за да го платите тоа што сакате да го купите. Поради овие причини се почесто луѓето почнуваат да размислуваат да купуваат онлајн односно преку интернет да ја пазарат храната и други продукти кои ќе им бидат доставени дома.

И Владата во рамките на мерките за намалување на ширењето на коронавирусот препорача да се избираат алтернативни опции на купување без да се оди во продавниците.

Но колку нашите продавници се подготвени за ова? Ако вечерва направите порачка од Тинекс маркетите храната ќе може да ви ја испорачаат дури за девет дена. Претходно службата за испорака е зафатена. Да се чека испорака на храна девет дена и малку подолго од времето кое може да го сметаме за прифатливо. Инаку условите за испорака се одлични, за набавка на производи во вредност до 900 денари, се плаќа 100 денари за испорака, а за поголема сума само 40 денари.

Можност да направите порачка и таа да ви биде доставена дома нудат и маркетите Рептил. Ако порачате вечерва храната и други продукти од овој маркет ќе ви бидат испорачани за четири дена, а за услугата плаќате 100 денари.

Услуга за испорачка на продукти има и интернет страницата Пакет.мк, но и таму мора да чекате најмалку четири дена за испорака. За сума од над 500 денари испораката е бесплатна.
Здравствените власти не очекуваат дека ситуацијата со коронавирусот ќе се смири за брзо време, па се надеваме дека маркетите ќе ја разработат оваа опција и ќе овозможат побрза испорака на порачаните артикли.

The post Онлајн пазарење на македонски начин: Купуваш денес, а храната ќе ти стигне за девет дена appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....