„Со голема тага мора да објавиме дека изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам е откажан.
Во изминатите неколку недели разгледувавме неколку алтернативи за да го избегнеме одложување на настанот. Сепак, несигурноста околу ширењето на Ковид-19 низ Европа – и рестрикциите кои притоа се наложуваат од сите влади на државите учесници, како и во координација со холандските надлежни институции, ЕСЦ одлучи дека нема услови да продолжи со планирањето на настанот.
Горди сме што ова натпреварување ја обединува публиката секоја годин во изминатите 64 години, и како и милиони други низ светот, жалиме што Евровизија нема да се одржи овој мај.
ЕБУ и другите задолжени за организација на настанот ќе бидат во постојана координација за организирање на Евровизија 2021.
Ја замолуваме публиката на разбирање додека се соочуваме со последиците од ова откажување и најавуваме новости во текот на наредните недели…
Тешко ни е што годинава нема да имаме Евровизија во мај. Целото евровизиско семејство низ светот праќа љубов и поддршка во ова тешко време.“, пишува на официјалниот сајт.
The post Официјално: Откажана Евровизија 2020 поради коронавирусот! appeared first on Слободен печат.