Телото на легендарниот кошаркар Коби Брајант денеска е официјално идентификувано меѓу телата на девет жртви пронајдени во остатоците на хеликоптерот кој се урна во неделата во близина на Лос Анџелес.
Брајант е идентификуван со помош на отисоци од прсти, соопштија патолозите и додадоа дека се идентификувани телата на уште двајца мажи и една жена.
Иследниците работат на идентификување на уште пет тела, меѓу кои е и ќерката на Брајант Џиана, која имала 13 години.
Иако полицијата официјално се уште нема соопштено, светската јавност од блиските на настраданите беше информирана дека покрај Коби и Џиана Брајант, во несреќата загинаа другарката и соиграчка на Џиана, Алиса Алтобели (13), нејзиниот татко Џон Алтобели (56) и мајка ѝ Кери Алтобели, кошаркарскиот тренер од училиштето Харбор Деј, каде што учела Џиана, Кристина Маузер (38), Пејтон Честер (13) исто така соученичка на Џиана, Сара Честер (45) мајка на Пејтон, и пилотот Ара Зобајан.
Тие биле на пат кон Мамба академијата за кошарка на Брајант, каде требало да се одржи кошаркарски турнир.
The post ОФИЦИЈАЛНО идентификувано телото на Коби Брајант appeared first on Слободен печат.