-0.2 C
Скопје
18:35 - 22 декември, 2024

Од „златен пример“ паднаа „на колена“: Новите случаи на корона ги откриваат двојните стандарди на Сингапур (ФОТО)

Властите во Сингапур ги скенираат и ги носат во државен карантин сите странски патници кои доаѓаат во земјата уште од почетокот на пандемијата. Секогаш кога регистрираат инфекција, тие се обврзуваат да го утврдат потекло на истата во рок од два часа. Потоа, објавуваат на интернет каде инфицираните луѓе работат, живеат и го поминуваат нивното време за и потенцијалните заразени контакти да бидат идентификувани во кус рок. Откако ќе ги пронајдат и контактираните, тие лица немаат избор – веднаш одат во карантин или се соочуваат со кривични пријави за кршење на мерките или со парични казни од 7.000 долари.

Луѓе со заштитни маски пешачат во центарот на Сингапур / 07 април 2020 / Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

Сингапур, како што пишуваат светските медиуми им овозможи бесплатно тестирање и здравствена нега на своите граѓани, а неодамна подели и бесплатни заштитни маски на населението. Иако луѓето одеа на работа, а работеа и училиштата и рестораните, се апелираше населението да ја одржува препорачаната социјална дистанца и луѓето да не се собираат во групи поголеми од 10 лица.

Власите беа многу претпазливи и тоа доведе до истакнување на моделот кој го применува Сингапур како пример за добра реакција на пандемијата со ковид-19. Сингапур покажа дека може да спроведе бројни и разумни ефикасни мерки како би го спречиле ширењето на вирусот, а притоа земјата да продолжи со нормално функцуинирање.

Меѓутоа, така беше „до вчера“.

Купувач бесконтактно нарачува храна за носење од Мекдоналдс додека службеници го дезинфицираат просторот. EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Нов бран на инфекцијата создава ризик со кој се сооочува еден од најгусто населените региони во светот и како што најчесто се случува,  диспропорционалниот данок ќе падне на најсиромашните и маргинализираните слоеви од општеството, пишува Лос Анџелес тајмс.

Случаите на зараза со ковид-19 во Сингапур се зголемија тројно од почетокот на овој месец, со над 3.200 инфицирани, а поголем број од заразените се работници од Индија, Бангладеш и други земји, кои живеат во густо населени објеткти на ивицата од модерниот, „изгланцан“ град, за кој придонесеа да биде таков каков што е.

Работник стои на скалите од домот Норт Коаст Лоџ во Сингапур, 17 април 2020 година / Фото:  EPA-EFE/WALLACE WOON

Домовите во кои овие работници спијат – често и по 20 лица во една соба – им овозможија експлозија на епидемијата со коронавирусот во земјата. Властите на Сингапур во вторникот соопштија дека под карантин се осум домови за работници, како и дека ќе заклучат уште денес, „осудувајќи“ 200.000 работници да останат во нивните соби.

– Луѓето се преплашени. Не знаете дали ќе бидете следниот кој ќе се инфицира – признава 35-годишниот Кирон, градежен работник од Бангладеш кој живее во еден од домовите за работниците.

Откако истражувачите од Харвард го пофалија Сингапур дека одржува „златен стандард“ за детектирање нови случаи на зараза, владата – која со месеци избегнуваше затварање – претходната недела ги затвори школите и им нареди на граѓаните да останат во своите домови. Бројот на нови случаи веќе почна да расте, а последниве денови отскокнува – Сингапур во понеделникот пријави 386 нови случаи, и тоа речиси сите заболени се работниците мигранти кои живеат во пренаселените домови.

Работници на скалите од домот за мигранти Мандаи Лоџ во Сингапур / 17 април 2020 / EPA-EFE/WALLACE WOON

Во Сингапур денеска е забележан најголем број на нови случаи во еден ден, дури 447, од кои најголем број доаѓаат од собите на работниците мигранти. Во оваа земја се заразија 3.699 лица, од кои 797 се мигрантите од домовите.  Зголемениот број на нови случаи е резултат на помасовното тестирање.

  • Целиот економски модел на Сингапур во моментов го жнее тоа што го посеа – евтина работна сила од земјите од „третиот свет“ како би ја создале својата таканаречена „прва економија во светот“. Се си функционираше добро се додека работниците можеа потоплно да се одвојат од сингапурските друштва и да се сместат во домови во оддалечени предградија. Единствениот проблем е што коронавируост не ја почитува оваа сегрегација, налик апартхејд (политика на расна дискриминација, делење на населението врз расна основа). И тогаш, имате вистинска експлозија- истакна Алекс Ву, потпретседател на „Transient workers count two“, невладина организација која работи на подобрување на условите на мигрантите кои работат за минимална плата.
Работник со заштитна маска на лицето стои до оградата од од домот за мигранти Мандаи Лоџ во Сингапур / 17 април 2020 / EPA-EFE/WALLACE WOON

Вработени на кратки рокови, без шанса да добијат дозволи за долг престој или државјанство, околу 500.000 мигранти, воглавно од јужноазиските земји, работљат на градилишта, во фабрики или на бродоградилишта. Поголемиот број од нив заработуваат 500 долари месечно, додека просечниот човек во Сингапур заработува околу 3.200 долари. Во 43 домови во предградијата живеат околу 200.000 од мигрантските работници

  • Најчесто не ги гледаме, а кога ги гледаме – фрлаат ѓубре, ги средуваат парковите, ги подигат темелите и ги градат зградите – и после пак како да се невидливи. Кога нешто вакво се случува, за жал, тогаш стануваат повторно видливи – вели Лаванја Катиравела, професор на Технолошкиот универзитет Нанјанг во Сингапур.

Сингапурците кои се враќаа дома од странство поминуваа 14 дена во државен карантин, и тоа во луксузни одмаралишта каде ноќевањето чини од 300 долари па нагоре, а се тоа на трошок на Владата. Пред затварањето, службениците во центрите беа под строги проверки за температура, а лифтовите во зградите во кои се наоѓаат нивните канцеларии беа дезинфицирани со средства и по неколку пати во денот.

Туристка чека додека службеници и ја мерат температурата пред да влезе во храмот Тут во кинескиот дистрикт на Сингапур / 17 февруари 2020, Сингапур / EPA-EFE/WALLACE WOON

Но, за работниците кои се мигранти ситуацијата е далеку поразлична. Градежниот работник Рубел Арнаб (30) од Бангладеш вели дека посетил еден дом на источниот дел од градот за да подели маски кои биле донирани од локална компанија. Открил дека во тој дел од градот, ниту имало некој кој ја мери температурата на работниците, ниту имало рекламен материјал преку кој се промовираат мерки за хигиена и заштита како што тоа масовно се случува во остатокот на Сингапур.

Работник мигрант ги закачува алиштата на балконот од собата во која е сместен во домот Вестлајт Тох Гуан во Сунгапур / 06 април 2020 / Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON
  • Нема простор. Ако една личност сместена во некоја од собите се зарази, тоа значи дека болеста најверојатно ќе се пренесе на уште 19 лица кои се присутни во таа соба, вели Рубел.

Властите во Сингапур сега брзаат да создадат некаков простор во домовите кои буквално „крцаат“, а досега преместиле 7.000 здрави работници во привремени домови.

 Работници фотографирани во домот Норт Коаст Лоџ во Сингапур, 17 април 2020 година / Фото:  EPA-EFE/WALLACE WOON

Дека ќе дојде до избивање на епидемијата можеше да се види уште од 10 февруари. Тогаш, работник од Бангладеш стана првиот заразен со новиот коронавиурс, а адвокатот Дипа Сваминатан напиша предупредување на неговиот фејсбук-профил дека ширењето на вирусот меѓу работниците може да биде рапиден поради условите во кои живеат и работат.

Жена пешачи во дистриктот Мала Индија, локација популарна меѓу мигрантите во Сингапур / Фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNGEPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Заразениот работник бил во трговскиот центар „Мустафа“, во дистриктот Мала Индија, популарно место меѓу миграните, а две недели претходно купувачите влегувале излегувале без никаква проверка или заштита. Вчера властите во Сингапур истакнаа дека 86 од новите инфекции се поврзани токму со истиот трговски центар „Мустафа“.

Луѓе со заштитни маски пешачат во дистриктот Мала Индија, локација популарна меѓу мигрантите во Сингапур / Фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Претходната недела премиерот Ли Хсијен Лунг во ретко обраќање директно до странските работници рече дека Сингапур „го цени трудот, работата и допринесот“ од мигрантите и нивните семејства.

  • Ќе направиме се што можеме за да се погрижиме за вашите животи, рече премиерот и им вети дека ќе бидат исплатени како и вообичаено, а дека владата ќе го плати третманот на заразените.

Но, како што пишува Лос Анџелес тајмс, засега нема никакви планови на повидок за работниците мигранти да се сместат во големиот број празни хотели кои тие ги градеа.

  • Постои одредена иронија во сето ова. Секој убав апартман, луксузен хотел, го изградија тие, а сега се борат да најдат простор за да бидат дистанцирани, додека вирусот не ја раздели бесната заедница, истакна адвокатот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

The post Од „златен пример“ паднаа „на колена“: Новите случаи на корона ги откриваат двојните стандарди на Сингапур (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....