12.8 C
Скопје
21:29 - 23 април, 2024

Четири влади кои одлично одговорија на коронавирусот: 12 лекции кои мора да ги научиме од нив

Како домино, земја по земја се затвораше поради новиот корона вирус. Наспроти сигналите дека опасноста ќе се шири низ светот, во многу делови постоеше јасен план на реакција. Во нашиот глобализиран свет чудно е што толку малку лекции научивме на почетокот на избивањето на корона вирусот, кога шансите за запирање на ширењето беа најголеми.

Фокусот сега е на порамнување на кривата  или успорување на ширењето на вирусот, со цел да се спречи понатамошниот раст на смртни случаи.

Како голем дел од светот постепено ги отстранува блокадите, се уште мора да се научат одредени лекции од овие четири држави кои, како што изгледа, се справија добро, пренесува „Си Ен Ен“.

 

Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Тајван

Земјата се наоѓа на само 180 километри од континентална Кина, што значи дека избивањето на пандемијата во Тајван би можело да биде катастрофално. Кон Крајот на јануари беше проценето дека островот е втор по бројот на заболени во светот, според Универзитетот Џон Хопкинс.

Но Тајван, со популација од околу 24 милиони луѓе, регистрираше само 390 заболени и шест смртни случаи, а во текот на вчерашниот ден немаа ниту еден нов случај. И сето тоа успеа без воведување строги мерки, како блокади или затворање училишта.

Иако Тајван има висококвалитетна универзална здравствена заштита, неговиот успех  е во подготвеноста, брзината, централната команда и ригорозното откривање на контактите.

Лекција 1: Биди подготвен

Подготвеноста на Тајван главно произлезе од некои тешко научени лекции за време на избивањето на САРС во 2003 година, кога починаа 181 лице.

Како резултат на тоа, островот основаше специјализиран Централен команден центар за епидемија кој се активира за координација на одговорот  во случај на епидемија. Овој центар беше активиран на 20. јануари, ден пред островот да го потврди својот прв случај.

Лекција 2: Биди брз

Тајван реагираше пред да виде забележан првиот случај на 21. јануари. Три недели претходно, неколку дена откако Кина го пријави првиот случај на СЗО,властите во Тајван започнаа да ги следат патниците кои доаѓаа од Вухан, им мереа температура и други симптоми. Островот на 20. јануари издаде предупредување  за патување во Вухан, а два дена подоцна, претставниците од власта започнаа почнаа да ја информираат јавноста со секојдневни брифинзи.

Една недела по првиот случај, Тајван започна електронски надзот на лицата во карантин по пат на телефони кои ги издаде владата, и најави ограничување на патувањата како и влез на патници главно од провинцијата Хубеи, чиј главен град е Вухан. Секој ден до крајот на февруари, владата воведуваше нови мерки со цел да го задржи ширењето на вирусот.

Тајван имаше само 329 случаи кога ги воведе мерките за социјално дистанцирање, на 1. април. За споредба, во Велика Британија имаше 335 мртви и повеќе од 3.000 заболени на 20. март, кога премиерот Борис Џонсон соопшти дека ќе се затворат училиштата и кафетериите.

Лекција 3: Тестирање, следење и карантин

Властите спроведоа широко тестирање и ги пронајдоа контактите на заразените лица, и веднаш ги ставија во карантин. Тестирани се сите кои се вратија од крстарење па дури и беа спроведени и повторени тестирања на лицата кои имаа дојагноза на грип или воспаление на бели дробови, со цел да се уверат дека не се погрешно дијагностицирани и дека се заразени со корона вирус.

Лекција 4: Користете податоци и технологија

– Координираниот одговор на владата со целосна соработка на нејзините граѓани беше комбиниран со употреба на големи податоци и технологија – вели за „Си Ен Ен“, вонредниот професор на педијатрија на Станфорд, Џејсон Ванг. Тој исто така ја проучуваше јавната здравствена политика.

Тајван ги обедини податоците на здравственото осигурување со базата на податоци за царина и имиграција со цел да се даде предупредување во вистинско време и да помогне во идентификација на загрозените жители.

Исланд

 Тестирањето во многу земји е речиси невозможно, освен ако веќе немате симптоми и сте навистина болни. Ситуацијата на Исланд не е таква. Таму секој кој сака да се тестира тоа може да го стори без проблем.

 Сироко распространетото тестирање беше пресудно за мал број на инфекции и смртни случаи во земјата, велат властите. На Исланд вкупно беа заразени 1.700 лица и беа регистрирани само осум смртни случаи.

Лекција 5: Биди агресивен

Одговорот на Исланд на корона вирусот не беше особено иновативен. Само беше внимателен и брз. Како и Тајван, неговата брзина значеше мал број на рестриктивни мерки, луѓето се уште може да се собираат во групи до 20 лица, доколку држат растојание од 2 метри еден од друг. Додека универзитетите се затворени, школите и градинките и понатаму се отворени, што овозможува голем дел од родителите да одат на работа.

Лекција 6: Вклучи го приватниот сектор

Во јавно – приватно партнерство меѓу Националната универзитетска болница на Исланд и биотехничките компании, Исланд рано ги дизајнираше тестовите и очекуваат дека до крајот на оваа недела ќе тестираат 10 отсто од своето население. Целта е да се тестираат сите и да се дознае што е можно повеќе за овој вирус.

Лекција 7: Делувај превентивно

Исландскиот министер за здравство, Свандис Сваварсдотир, нагласува дека брзината е моќно средство. По се изгледа земјата го направи токму тоа. Откако на 3. март беа потврдени 6 случаи кои се вратиле од странство, Исланд веднаш издаде карантински мерки за сите патници кои се враќаат од Италија и ги зголеми ограничувањата за патување во наредните недели.

Вонредна состојба е прогласена на 6. март, кога беа потврдени првите две инфекции на пренос во заедницата. Ова беше сигнал за Владата да го подигне нивото на подготвеност, но државните собири останаа како и претходно, само со предупредувања за ранливите категории да не се задржуваат на места каде има многу луѓе.

Факултетите беа затворени на 13. март, а на 16. март беше забрането групирање на повеќе од 100 луѓе. Тогаш во земјата имаше 61 случај на заболени, а без смртни случаи.

Откако на 24. март беше објавено за прв смртен случај, семјата забрано собирање на повеќе од 20 лица и ги затвори кафетериите, баровите, музеите и теретаните.

Лекција 8: Користете технологии, но почитувајте ја приватноста

Како и на Тајван, исландските власти исто така направија апликација која помага која го следи ширењето на вирусот. Со неа се регистрираат сите места на движење на корисникот. Корисниците не мора ваквите податоци да ги делат со властите, но ваквите податоци може да помогнат на тимовите за да ги откријат контактите и да утврдат дали лицата биле изложени на ризик.

Јужна Кореја

Јужна Кореа својот прв случај го пријави во исто време кога случаи на корона пријавија и САД и Велика Британија. Земјата пријавува секојдневно по 30 нови случаи, додека Велика Британија  околу 5.000, а САД повеќе од 20.000.

Лекција 9: Тестирање во движење

Јужна Кореа постави стотици кабини, исто како во Мек Доналдс, со цел да понуди тестови кои во голема мера се бесплатни, брзи и одработени од лица на безбедна оддалеченост. Од тогаш овој модел го преслика и САД во неколку држави.

СЗО на 16. мартги повика земјите да спроведуваат што е можно повеќе тестови. Јужна Кореа тоа веќе го правеше со недели наназад, и имаше тестирано веќе 500 илјади лица.

Јужна Кореа исто така брзо ги примени мерките на карантин и скрининг на лица кои пристигнале во земјата од Вухан, неколку недели пред да биде регистриран првиот случај во земјата. Властите спроведоа ограничување на движењето една недела потоа.

Лекција 10: Учете од минатото

Јужна Кореа делуваше брзо бидејќи како и Тајван, и други азиски земји и претходно се нашла во слична позиција. Јужна Кореа главно не била погодена од САРС, но во земјата беа регистрирани три случаи и ниту еден смртен случај.

Но Близуисточниот респираторен синдром (МЕРС) ја зачека неподготвена во 2015 година, кога беа забележани 186 случаи и 38 починати, што пак ја стави на позицијата најтешко погодена држава надвор од Блискиот исток.

Политичката волја неопходна за спроведување мерки за време на епидемијата од корона вирусот не беше проблем и постоеше добра координација меѓу централната власт и покраините.

 

 

Германија

Германија е малку поразличен случај. Земјата всушност не успеа да го спречи големиот број на заразени. Во моментов има повеќе од 132 илјади потврдени инфекции, што ја става на петтата позиција во светот.

Но Германија успеа да ја одржи стапката на смртност на населението на релативно ниско ниво. Од вирусот во Германија починаа 3.400 лица, или околу 4 лица на 100 илјади случаи во целата земја. Тоа е значително пониско во споредба со Италија каде овој сооднос е 35 смртни случаи на 100 илјади и во Британија 18.

Голем број Германци се штитат со маски од првиот ден.

Лекција 11: Тестирајте повеќе додека рестрикциите се намалуваат

Успехот на Германија исто така беше и масовното тестирање, но нивниот добро финансиран здравствен систем исто така одигра голема улога, вели Мартин Стурмер, виролог кој ја води компанијата „ИМД Лабор“ во Франкфурт, една од лабораториите која врши испитувања во земјата. Германија исто така го повлече и приватниот сектор со цел да се спроведуваат што е можно повеќе тестирања.

– Од почетокот Германија германија вклучи голем број лаборатории, па земјата спроведуваше и по 100 илјади тестови дневно.

Како и Тајван, Јужна Кореа и Исланд, Германија осмисли тест за корона вирус и обезбеди голем број тестови релативно рано, многу претходно пред да биде објавен и првиот смртен случај.

Откако канцеларката Ангела Меркел соопшти дека земјата полека почнува со спроведување блокади, најави дека земјата планира да го зголеми бројот на тестирања.

Лекција 12: Изградете капацитети и болници

Германија е на 18. место во светот според пристапот до квалитетно здравство, пред Велика Британија која е на 23. место и САД кои се најдоа на 29. позиција. Италија, на пример, е земја која најави ригорозно тестирање, но сепак бројот на смртни случаи во земјата ја рангираа на второто место во светот, веднаш после Шпанија.

Во оваа ситуација, се гледа разликата во огромниот капацитет на германскиот здравствен систем. Според проекциите на институтот за здравство и проценките, Германија на врвот од епидемијата би требало да има 12 илјади, а таа во моментов има 147 илјади.

Од друга страна, САД имаат околу 94 илјади легла, околу 15 илјади помалку од она што и е потребно.

Всушност германскиот сдравствен систем има огромен капацитет, во нивните болници да се лечат и заболените од Италија, Шпанија и Франција.

 

The post Четири влади кои одлично одговорија на коронавирусот: 12 лекции кои мора да ги научиме од нив appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....