-3.2 C
Скопје
06:18 - 23 декември, 2024

Нови сознанија: Вирусот не се шири преку предмети што ги допреле заразените, најголема опасност се луѓето

Луѓето не можат да се заразат од коронавирусот така што ги допираат предметите, туку исклучиво со директен контакт со заразено лице, покажа експеримент на научници од германскиот град Хајнсберг.

Потврдувајќи ја оваа теорија, научниците напоменуваат дека вирусот може да се задржи подолго во надворешна средина само во лаборатоиски услови.

Германските инфектолози спроведоа експеримент во градот Хајнсберг, за да истражат на кој начин всушност ср пренесува коронавирусот и колку долго се задржува на предметите. Тие секојдневно следеле околу 1.000 луѓе и во домовите на заразените семејства никаде не пронашле жив вирус, ниту на една површина – стаклена, пластична, дрвена, а зеле и примероци од кваките, мобилните, ВЦ школката…

Првите заклучоци до кои дошле укажуваат дека поголема опасност е што заразата се пренесува од луѓе, отколку предметите кои ги допирале.

– Заразата не се шири со допирање на предмети со кои биле во контакт заразените, туку со подолг престој во непосредна близина, едни покрај други. Некој кој бил заразен треба да искашлува во рака и потоа со таа рака да ја допре кваката од вратата. Веднаш потоа друго лице да ја допре таа квака и веднаш со таа рака да се допре по лицето. Единствено на овој начин вирусот може да се пренесе преку предмети. Меѓутоа во секојдневниот живот, навистина е мала шансата вирусот да се пренесе преку заразена површина – тврди д-р Хендрик Штрек, директор на Институтот за инфектологија при Универзитетската болница во Бон.

– Во идеални, експериментални услови, вирусот се задржува до три часа во аеросол, до четири часа на бакар, до 24 часа на хартија и картон и дури до три дена на пластика и нерѓосувачки челик. Меѓутоа, иако ова може да делува застрашувачки, концентрацијата на вирусот и неговата инфективност на овие површини сигурно е далеку помала во секојдневните околности, кога условите за преживување не се идеални како во лабораторија, рече д-р Ана Банко, виролог од Србија.

Вирусот нема можност за разможување надвор од човекот.

– Вирусот во надворешна средина може да опстане од неколку часа до неколку дена. Меѓутоа, важно е да се напомене дека прежувувањето на вирусот  директно зависи од условите во таа околина, односно температурата, УВ зрачењето, киселоста, присуството на дезинфициенси итн. На вирусот во надворешната средина апсолутно му се оневозможува процесот на размножување зошто нема човечки келии кои тоа би му го овозможиле. Човекот може да се зарази само ако е без маска, на оддалеченост помала од два метри стоела пред заразено лице кое кашлало, вели д-р Банко.

The post Нови сознанија: Вирусот не се шири преку предмети што ги допреле заразените, најголема опасност се луѓето appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....