1.8 C
Скопје
23:15 - 21 декември, 2024

Нов вирус сличен на САРС зема жртви, каква е опасноста кај нас

Новиот тип на корона вирус кој засега се шири во Кина веќе ја зема првата жртва, а од сериозно воспаление на белите дробови предизвикано од него, заболени се неколку десетици Кинези, од кои седум се на апарати за дишење. Вирусот е сличен како САРС и МЕРС кои беа актуелни пред неколку години. Нашите вирусолози велат дека на неколку години се појавува нов тип на корона вирус и дека будно го следа развојот на настаните и препораките за заштита.

-Коронавирусите се голема фамилија  на вируси  кои предизвикуваат респираторни инфекции т.е. некои се пренесуваат лесно од човек на човек  на ист начин како и вирусот на грип (кашлање, кивање и сл), додека други не. Некои вируси од оваа фамилија предизвикуваат помалку тешка болест, како што е обичната настинка,  но може и да биде болест која личи на грип или пневмонија – објаснува поф.д-р Голубинка Бошевска, раководител на вирусолошката лабораторија во Институтот за јавно здравје.

На глобално ниво, нови коронавируси се појавуваат периодично во различни области во светот, како што беа САРС во 2002 година и МЕРС во 2012 година.

На 31 декември до СЗО е поднесена пријава за појава на лица со пневмонија во градот Вухан, провинцијата Хубеи во Кина.  До 5 јануари се пријавени вкупно 59 случаи на пневмонија од кои 7 се со потешка клиничка слика на пневонија. Симптомите кои ги имале овие  пациентите се вообичаени за неколку респираторни заболувања (грип, аденовируси, Коронавирус ХКУ1, Коронавирус ОЦ 43 и др) како што се висока температура и тешко дишење.

-Кај еден од овие пациенти е детектиран нов корона вирус, но се уште нема подетални информации за самиот вирус. Состојбата редовно се следи од страна на  СЗО и Европскиот Центар за контрола на болести (ЕЦДЦ) и се доставуваат  новите информации во реално време  и до тимот на ИЈЗ – секторот за контрола и превенција на заразни заболувања и лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика. Во нашата инститиција во континуитет се следат препораките на СЗО и  во сезоната на грип од октомври месец пациентите со сериозна акутна ресипираторна инфекција (САРИ) се испраќаат до лабораторијата каде се прави дијагностика на инфлуенца и широка палета на вирусни причинители, вклучително и на коронавирус ХКУ1, коронавирус ОЦ43, коронавирус 229E, коронавирус НЛ63. Постојат капацитети и за детекција на МЕРС – вели Бошевска.

Таа смирува дека во моментов не постои голема можност за пренос на ова заболување и кај нас.

Мерките на заштита, објаснува Бошевска се исти како и при секое респираторно заболување, при температура да се мирува дома со многу течности и витамини,  при кашлање и кивање тоа да се прави во марамче или во внатрешната страна на лактот на раката, редовно проветрување на просторот, на места со голема  фреквенција на луѓе повеќе пати во денот да се одржува хигиената на просторот, изолација во домашни услови на лицата кои имаат симптоми, на посета во болница да не одат лица кои имаат симптоми (кашлица, кивање и температура), вакцинација против грип, антибиотици немаат ефект на вирус.

 

The post Нов вирус сличен на САРС зема жртви, каква е опасноста кај нас appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....