14.8 C
Скопје
14:01 - 3 мај, 2024

Николовски: Живееме во заробена држава – продукт на две партии кои одлично функционираа во времето на Груевски (ВИДЕО)

Тенденцијата на власта е разбирлива што побрзо да се оди на избори, бидејќи се наоѓаме во ситуација каде што вегетираат одредени важни институции. СДСМ како партија е ставена во една незгодна ситуација да мора да го следи словото на законот и на Уставот, но истовремено е ставена во ситуација да почитува одредени демократски принципи, каде што сите партии би учествувале на тие избори, особено што сега сме подемократизирани очите на меѓународната заедница се насочени кон Македонија и како ќе се однесува во вакви кризни ситуации и мислам дека ќе мора да наоѓа начин да избалансира.

Мислам дека инаетите на политичките лидери ќе се надминат и дека на изборите ќе одат сите, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, новинарот и аналитичар Љубиша Николовски.

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека добро функционираат со ситуација на развластена власт.

-Нема да претерам ако кажам дека ние овие месеци живееме во една заробена држава, не само од Корона вирусот, туку и од политички аспект и тоа најмногу поради тоа што сме заложници на политичките интриги на две политички партии кои вака функционираа во минатите 10 години во владеењето на Никола Груевски, а тие партии се ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Во ситуација на развластена власт и нефункцинирање на важни институции во државата, тие го искористија тој простор и се покажа дека добро функционираат – претседателот на Собранието до ДИК.

Во ваква ситуација кај што не функционираат институциите и законот, институтот политички дијалог кој што не е правен институт го дигнаа на највисоко можно правно или параправно ниво. Затоа Македонија секогаш се соочува со проблемот на правна држава. Изненадува што Мицкоски и ДУИ декларативно се залагаат за владеење на правото и како најголема маана на оваа власт го посочуваат токму тоа, а од друга страна не се придржуваат до Уставот и законите туку до некаков политички договор кој што може да не функционира, без разлика што можеби СДСМ ќе го прифати 12 или 15 јули, но тогаш може БЕСА или било која друга партија да биде незадоволна и повторно тој инклузивен процес да не биде запазен, смета Николовски.

Анализата околу последната политичка ситуација, датумот за изборите, инклузивноста на која политичките партии се повикуваат, додека некои од нив притоа свесно или несвесно одат контра Уставот и законите, погледнете ја во видеото од разговорто помеѓу Орданоски и Николоски.

 

The post Николовски: Живееме во заробена држава – продукт на две партии кои одлично функционираа во времето на Груевски (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Николовски: Живееме во заробена држава – продукт на две партии кои одлично функционираа во времето на Груевски (ВИДЕО) was first posted on јуни 15, 2020 at 10:58 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....