11.8 C
Скопје
02:36 - 4 мај, 2024

Никола Попоски бара Мицкоски да се повлече од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ

Повик до Христијан Мицкоски да се повлече од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ упати и Никола Попоски, поранешен висок функционер на партијата, кој своевремено се споменуваше како можен нов лидер, за по конгресот во Валандово да се дистанцира од дневно-политичките збиднувања.

-Минимум за тоа дека сме ја сфатиле пораката на гласачите е да се држиме до најавеното пред изборите. Во спротивно, следна рунда може дури и бетер да минеме. Ако и сега некој е изненаден, тогаш никој нема да биде. Веднаш да најавиме дека недвосмислено, со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството отколку да создаваме нереални надежи за потоа да ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив- оценува Попоски.

Во колумна за МКД.мк насловена „Не умирај магаре до зелена трева, на рати“, Попоски посочува дека, дури и да испаднеше, како што најавуваа од ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата да освои 57 пратенички места, формирањето влада ќе беше тешко. На изгубени избори, како што забележува, не е полесно.

Оставка од Мицкоски побара и градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на партијата, кој беше тргнат од функцијата поради поддршката за уставните измени.

По поразот Јанчев бара оставки и ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ

The post Никола Попоски бара Мицкоски да се повлече од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Слободен печат.


Никола Попоски бара Мицкоски да се повлече од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ was first posted on јули 21, 2020 at 5:33 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....