-3.2 C
Скопје
00:46 - 25 ноември, 2024

Никола Пановски за славениците: Топтан како што се собрани, директно да се носат во државен карантин!

Зголемениот број случаи на заразени со коронавирусот последниот период се должи, како на масовните собирања во дворови и во затворен простор, фамилијарни куќи и станови на кои секојдневно сме сведоци, така и на тоа што има зголемен број на тестирања, тврди за Слободен печат микробиологот, професор доктор Никола Пановски.

Пристапот за тестирање се промени, па сега не се тестираат само тие што имаат симптоми и кои имале контакт со заболен, туку и луѓе без симптоми и тоа ја зголемува бројката која е над 5.000 лица. Главните жаришта се Скопје и Тетово и во овие два региона, Институтот за јавно здравје регистрира широко распространета трансмисија во заедницата. Решението, според Пановски е веднаш да се смени законот и надлежните да почнат да влегуваат и да ги разбиваат овие кобни собиранки, по што ќе ги упатуваат групите директно во државен карантин од две недели на свој трошок, бидејќи претставуваат опасност за јавното здравје на сите.

– Семејните забави уште се фотографираат, а замислете колку од нив не се обелоденуваат. Тоа е страшно. Тоа што си го правиме самите на себе е самоубиство, вели Пановски, кој сугерира власта да изнајде механизми, правно да може да влегува во куќите и становите и да почне да ги разбива овие собирања што масовно придонесуваат бројот на новозаразени да е екстремно висок.

– Треба законски да се изнајде можност овие собирања да се спречат, а тие што се собираат треба да се однесат веднаш во државен карантин 2 недели. Како што се собрани, топтан, веднаш да се однесат во државен карантин и самите за тоа да платат. Тоа е еден ден работа, ако сакаме да го направиме законски, вели професорот.

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донела уште една препорака за неорганизирање свадби, крштевки и групни прослави по разни поводи.

Бројот на хоспитализирани исто така расте. Неделава, како што кажа министерот за здравство Венко Филипче, се очекува бројот на хоспитализирани да биде повисок од бројот на отпуштени од болниците и затоа се регрутира и реорганизира кадарот за да може да одговори на потребите на пациентите.

Според последниот извештај на ИЈЗ, на Инфективната клиника, во ,,8 Септември” и во болниците во Битола, Штип, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Велес и Гостивар моментално се хоспитализирани 353 лица од кои 140 се на кислородна поддршка и 11 на респиратор.

Коронавирусот го има во 32 градови во државата. Најголем број на заболените имаат над 60 години. Досега пријавени се 53 случаи на бремени жени од кои 15 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од бремените жени, 26 немале никакви симптоми.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура, кашлица, малаксаност, треска, главоболка, болка во грло и отежнато дишење.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени кај 1.599 или 32,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 67 проценти имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени кај 1.478 лица се присутни хронична и здравствени состојби, од кои 985 лица имаат кардиоваскуларна болест, 404 дијабет, 210 се со хронична белодробна болест и 278 со други хронични болести.

Најзафатени жаришта се Скопје и Тетово

Во моментот најзафатени жаришта со најголем број активни случаи се Скопје и Тетово и во овие региони се регистрира широко распространета трансмисија во заедницата. Во Скопје има 1698 активни случаи од кои 394 се во Чаир, 156 во Гази Баба, 144 во Бутел, 137 во Сарај, 137 во Центар, 135 во Аеродром, 116 во Карпош, 98 во Кисела Вода, 86 во Студеничани, 83 во Ѓорче Петров, 73 во Шуто Оризари, 55 во Арачиново, 31 во Илинден, 16 во Чучер Сандево, 14 во Петровец, 13 во Сопиште.

Во Тетово има 198 случаи, а во околните села исто така бројот е поголем. Во Теарце има 39 случаи, во Боговиње 24, во Желино 23, во Брвеница 21, во Јегуновце 20.

The post Никола Пановски за славениците: Топтан како што се собрани, директно да се носат во државен карантин! appeared first on Слободен печат.


Никола Пановски за славениците: Топтан како што се собрани, директно да се носат во државен карантин! was first posted on јуни 22, 2020 at 12:04 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....