11:26 - 10 ноември, 2026

Шарлиз Терон објасни како ги воспитува децата и зошто нејзиниот син носи фустани

Шарлиз Терон пред осум години посвои бебето Џексон, кое веднаш и го покажа на јавноста.

Познатата глумица по Џексон ја посвои и Август, а со оглед на тоа што двете деца ги шеташе облечени во фустани, почнаа да кружат различни приказни.

Инстаграм

Шарлиз тогаш мораше да појасни за што се работи.

-Џексон е девојче исто како и неговата сестра Август – рече глумицата. – И јас мислев дека Џексон е момче, но кога имаше три години ме погледна директно во очи и ми рече: „Јас не сум момче“. И ете, сега имам две девојчиња на кои им посакувам да постигнат сè што сакаат во животот. Не сум јас таа што треба да одлучи за нивниот пол и затоа тоа им го препуштам на нив. Сметам дека е моја задача, како нивни родител, да им ги обезбедам сите услови да бидат она што сакаат – рече Шарлиз.
Деновиве е насликана како со своите две деца оди на вечера во јапонскиот ресторан Нобу на Малибу.

Profimedia
Profimedia

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....