12.8 C
Скопје
04:57 - 13 мај, 2024

Никој не се пожалил дека по патување во Итaлија морал да оди на работа

Досега не е регистриран ниту еден случај вработен во државниот или во јавниот сектор да биде одбиен да остане дома поради тоа што патувал во подрачја со значителен број заболени од коронавирус, или пак, во тие подрачја патувал некој од неговото семејство.

Ова за „Слободен печат“ го тврдат од Владата, како одговор на нашето прашање: Што ако надлежниот во државната институција го одбие барањето на вработениот да седи дома, каде тој треба да реагира?

„Доколку државната институција не го почитува апелот на Владата, а со тоа не му дозволи да остане дома на вработениот кој патувал во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на коронавирусот или бил во контакт со граѓани што патувале во тие земји, треба да се извести Државниот санитарен и здравствен инспекторат, орган што е надлежен за оваа проблематика“, велат од Владата.

Оттаму потсетуваат дека Владата упати апел до сите граѓани што допатувале од регионите со официјална епидемија со коронавирусот задолжително да се јават на телефоните за контакт на центрите за јавно здравје.

„Воедно, Владата на 27. 2. 2020 година ги извести сите вработени во државните и во локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти дека доколку во последните две недели патувале или живеат со некој што патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореjа, Сингапур, Тајван, дека потребно е да не доаѓаат на работа, на училиште или на факултет и да ја информираат институцијата, претпријатието и образовната установа“, велат од Владата.

Владата упати препорака до работодавачите во приватниот сектор, вработените да не одат на работа ако патувале во ризичните подрачја. Но, како што веќе пишувавме, работодавачите велат дека не може да ја почитуваат оваа одлука, дека таа може да се злоупотребува и не е логично работодавачот без дијагноза некому дa му дозволи платено отсуство по некое патување.

Во Македонија досега има еден потврден случај со коронавирус, а познати се и неколку случаи каде што овдешни државјани, но и државјани на Кина, се ставени во карантин, односно мора да седат дома.

The post Никој не се пожалил дека по патување во Итaлија морал да оди на работа appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....