0.8 C
Скопје
23:20 - 18 декември, 2024

Несекојдневно породување: На скопска Гинекологија се роди бебе во „воден превез“

Завчера, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се случи несекојдневно породување. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен, т.н. “en caul“ породување или раѓање на бебе во амнионска обвивка, кој се случува еднаш во 80.000 породувања, пренесува Педијатар.мк.

„Бебето во превез“ на свет дојде со помош на асс. д-р Елена Ѓоргиевска Николовска, гинеколог која заедно со својата колешка правеле породување со царски рез кај трудница која носела близнаци.

 

 

„Како гинеколог-акушер со 18 годишно работно искуство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, имав прилика заедно со мојата колешка асс. д-р Катерина Николоска да породиме пациентка во термин со близначка бременост со царски рез, при што, по породувањето на првото бебе, започна породувањето на второто бебе со „воден превез“. Целата екипа во операционата сала во еден момент беше благопријатно изненадена од овој природен феномен, и покрај големиот број на породувања кои ги правиме секојдневно. Навистина, тогаш сфаќаме колку е совршена природата и како ги создала совршено сите работи“, вели асс. д-р Елена Ѓоргиевска Николовска.

The post Несекојдневно породување: На скопска Гинекологија се роди бебе во „воден превез“ appeared first on Слободен печат.


Несекојдневно породување: На скопска Гинекологија се роди бебе во „воден превез“ was first posted on август 7, 2020 at 9:48 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....