Ниеден од македонските државјани кои се наоѓаат на туристички крузер кој е запрен на пристеништето во Јокохама, Јапонија, не е заразен од коронавирусот, потврдуваат здравствените власти за Алсат.
Сепак тие остануваат во карантин бидејќи досега на бродот потврдени се 62 случаи на заразени од овој вирус. Вкупниот број на заразени низ светот е 35.000, а регистрирани се 740 смртни случаи. СЗО алармираше дека поради брзото ширење на вирусот низ светот, пред сè Кина се соочува со недостиг на заштитни маски и друга опрема, како заштитни костуми и очила.
The post Нема заразени Македонци со коронавирус на крузерот во Јапонија appeared first on Слободен печат.