13.8 C
Скопје
04:18 - 2 мај, 2024

Некој во здравството секој месец прима плата од 249.000 евра!

Највисока месечна бруто-плата е исплатена во здравството и изнесува 249.000 евра, односно тој (таа) во 2018 година заработил(а) 3 милиони евра. Ова плата е исплатувана во Скопје.

На второ место по висина на плати е исто така скопјанец, кој месечно заработувал по 231.693 евра, а на трето место е скопјанец со месечна нето-плата од 187.971 евра.

Овие податоци вчера ги објави Управата за јавни приходи врз основа на добиените годишни даночни пријави за 2018 година.

Освен за највисоката исплатена плата за која вели дека е од здравството, УЈП не информира во кој сектор се втората и третата највисока плата, но за првите 10 најголеми плати во државава соопштува дека се од здравството, секторот трговија со тутун и тутунски производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти.

Покрај скопјаните, на листата со 10 највисоки плати е и жител(ка) од Струмица, позициониран(а) на петто место со месечна бруто-плата од 130.689 евра и жител(ка) од Охрид со плата на деветто место по висина во државава од 75.926 евра месечно.

Скопјанка пријавила вкупни приходи од 17 милиони евра

Ако пак се земат предвид сите видови приходи, првото место ѝ припадна на скопјанка, која пријавила 17 милиони евра бруто-приход.

Граѓанин од Скопје е втор на листата со остварен годишен бруто-приход од 7,4 милион евра. На листата со највисоки приходи е и граѓанин од Гевгелија со остварен бруто-приход од 4,9 милиони евра, од Струмица со 4 милиони евра и од Тетово со остварен бруто-приход од 3,7 милиони евра.

Во 2018 година е остварен и највисок износ на капитална добивка во последните 10 години од лице од Скопје во износ од 13,7 милиони евра, а најголемата заработка по основа на дивиденда ја пријавил граѓанин од Скопје и е 6,5 милиони евра.

Најбогатиот пензионер е со пензија од 7.776 евра

Најбогатиот пензионер е од Скопје и зема месечна пензија од 7.776 евра. Тој ја добива пензијата од странство каде што работел.

Највисок годишен бруто-приход по основа на пензиски надоместок за доброволно пензиско осигурување, пријавен е во Скопје и изнесува 45.507 евра годишно.

Двегодишно дете со дивиденда поголема од 16.000 евра

Дете на две години остварило доход од дивиденда над 1.000.000 денари (16.000 евра), додека во групата над 10.000.000 денари (160.000 евра), најмладиот има 21 година.

Највозрасното лице што остварило повеќе 1.000.000 денари приход има 99 години, додека во групата над 10.000.000 денари највозрасниот има 93 години.

The post Некој во здравството секој месец прима плата од 249.000 евра! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....