4.8 C
Скопје
11:26 - 15 ноември, 2024

Неизвесна судбина за 40,8 милиони евра заробени во Еуростандард

Разочарувачки се податоците за судбината на депонентите на Еуростандард банка. Според податоците што ги добивме од Народната банка, во Еуростандард имало отворени 2.087 сметки на фирми на кои останале заглавени дури 13 милиони евра. Свои сметки имале и 136.000 домаќинства што во банката чувале 99,3 милиони евра. Овие податоци откриваат дека на сметките во Еуростандард банка, фирмите и граѓаните чувале 112,3 милиони евра.

Но, според регулативата, депозитите на домаќинствата, до 30.000 евра се спасени и 71,5 милиони евра ќе им бидат исплатени преку Фондот за обезбедување депозити. Од стечајната маса би требало да се наплатат вкупно 40,8 милиони евра, и тоа 13 милиони евра на фирмите, за кои не постои никаков фонд на обесштетување и 27,8 милиони евра на граѓаните.

За пријавените побарувања, судско рочиште е закажано на 8 октомври, а стечаен управник е Душко Тодевски. Тој ќе треба да најде пари за обесштетување, но клучното прашање што сега ги мачи и фирмите и граѓаните чии пари останаа заробени во Еуростандард е колку пари ќе успеат да си повратат.

Народната банка информира дека книговодствената вредност на Еуростандард банката е 11,5 милиони евра. Но, оттаму информираат и дека Банката има за наплата и кредити во вредност од 94,4 милиони евра, и тоа 68,6 милиони евра на фирми и 25,8 милиони евра на домаќинства. Но јасно е дека наплатата на кредити е сложен процес, затоа што тие треба да се враќаат на рати, а има и долгогодишни хипотекарни кредити.

Фондот за осигурување депозити сѐ уште го нема објавено датумот кога ќе почне да се исплатуваат парите на домаќинствата што имаат депозити до 30.000 евра, но оттаму информираа дека „веднаш по добивањето на конечниот список за депозитите на физичките лица што се предмет на обесштетување, од стечајниот управник на Еуростандард банка АД Скопје во стечај, Фондот за осигурување на депозити ќе ги распредели депонентите по банките исплатувачи и ќе ги извести во која банка исплатувач ќе бидат распределени за подигнување“.

Вчера, пак, во попладневните часови се огласи мнозинскиот акционер во Еуростандард банка, Трифун Костовски. Тој тврди дека нашол сериозен купувач за Банката, кој е подготвен да вложи големи пари и ја повика Народната банка да го повлече стечајот.

„Легалистите би рекле дека ваквото повлекување на стечајна постапка не е можно во согласност со Законот за банки. Сакам да ве убедам дека не може законот да биде над интересите на граѓаните“, соопшти Костовски.

Трифун Костовски бара Народна Банка да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард Банка

Од Народната банка одговорија дека ја укинале дозволата за основање и работење на Еуростандард банка поради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка.

„Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка“, соопшти Народната банка.

The post Неизвесна судбина за 40,8 милиони евра заробени во Еуростандард appeared first on Слободен печат.


Неизвесна судбина за 40,8 милиони евра заробени во Еуростандард was first posted on август 26, 2020 at 2:41 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....