3.8 C
Скопје
20:04 - 27 декември, 2024

„Не можам да дишам“: Четири полицајци се отпуштени по смртта на Афроамериканец во Минесота (ФОТО+ВИДЕО)

Четири полицајци од Минесота се отпуштени по смртта на Афроамериканец кој еден од полицајците, како што се гледа на снимката, го држел со нога приклештен за врат, пишува Би-Би-Си.

Шефот на полицијата во Минеаполис, Медариа Арадондо рекол дека четирите полицајци се сега „бивши вработени“.

Снимката го прикажува мажот Џорџ Флојд, како се обидува да земе здив и на полицаецот му повторува „не можам да дишам“.

Man dies after being detained by Minneapolis police

“PLEASE, PLEASE I CAN’T BREATHE”: A video taken by a bystander shows a Minneapolis police officer kneeling on a man’s neck as the man repeatedly says he cannot breathe. The man eventually became unresponsive and later died at the hospital. WARNING: Video contains graphic content and physical violence that some viewers may find disturbing.Video: Darnella Frazier via StoryfulDetails: https://bit.ly/3eq04nr

Publiée par FOX 4 News sur Mardi 26 mai 2020

Инцидентот потсетува на 2014 година, кога Ерик Гарнер, исто така Афроамериканец, почина по апсењето во Њујорк.

ФБИ рекле дека ќе го истражат случајот во Минеаполис, кој се случил во понеделникот вечерта.

Полицијата од Минесота рекла дека Флојд (46), кој работел како обезбедување во ресторан, починал по „здравствен инцидент“ во „полициска интервенција“.

Во вторникот изутрина, градоначалникот Џејкоб Фреј потврдил дека се отпуштени четири полицајци кои биле вклучени во инцидентот.

„Тоа беше вистинската одлука“, напишал тој на Твитер. „Верувам во она што го видов, а тоа што го видов беше погрешно на секое ниво. Да се биде црнец во Америка не би требало да биде смртна казна.“

Тоа е последното во низа обвинувања на сметка на бруталноста на американската полиција против Афроамериканците.

Фото: ЕПА

Вчера вечерта, пред полициската станица во Минеаполис полицајците морале да користат солзавец за да ги растераат масовните протести заради смртта на Флојд.

The post „Не можам да дишам“: Четири полицајци се отпуштени по смртта на Афроамериканец во Минесота (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


„Не можам да дишам“: Четири полицајци се отпуштени по смртта на Афроамериканец во Минесота (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on мај 27, 2020 at 10:25 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....