32.1 C
Скопје
12:22 - 8 јули, 2026

НБА лигата суспендирана: Гоберт пред два дена се шегуваше за коронавирусот, а сега е позитивен на заразата (ВИДЕО)

НБА лигата и официјално ја прекина сезоната 2019/20, откако играчот на Јута, Руди Гоберт беше позитивен на коронавирусот.

Натпреварот Оклахома – Јута предвиден да се игра ноќеска беше одложен во последен момент по веста за Гоберт. Французинот не беше присутен во арената.

Нешто подоцна раководството на најсилната светска кошаркарска лига реши да ја стави сезоната во мирување.

Тој пред два дена дојде на прес-конференција за натпреварот, каде на шега ги допре сите микрофони и без збор си замина.

На средбите одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати:
Филаделфија – Детроит 124:106
Атланта – Њујорк 131:136 (по продолжение)
Мајами – Шарлот 98:109
Далас – Денвер 113:97.

The post НБА лигата суспендирана: Гоберт пред два дена се шегуваше за коронавирусот, а сега е позитивен на заразата (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....