-3.2 C
Скопје
05:58 - 23 декември, 2024

Наставниците се сомневаат во објективноста на онлајн оценувањето

Новиот предизвик во оналајн учењето е оценувањето на учениците, а првите оценки во електронскиот дневник според насоките од Министерството за образование и наука треба да се формулираат до 20 ноември.

Според зборовите на наставници кои ги контактиравме, техничките проблеми во онлајн наставата полека но сигурно се надминуваат, но други прашања кои сега им се наметнуваат се однесуваат за начинот на оценување, како и за неговата објективност во една ваква ситуација.

Онлајн квизови и тестови како алтернативно решение

Во време кога физички контакт помеѓу учениците и наставниците речиси и да нема, потребно е да се изнајдат други алтернативни решенија за оценување.

-Се спроведува формативно и сумативно оценување. Формативно е кога се следи активноста на учениците на часовите, со писмени повратни информации, доставување на домашни задачи, додека сумативното е преку онлајн тестови и квизови – вели наставничката Билјана С. Дивјаковска од основното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода.

Дивјаковска додава дека од досегашната активност на учениците, наставниците веќе отприлика знаат кој ученик која оценка ја заслужува, но потребно е и дополнително усно испрашување.

-Веќе имаме увид за тој кој ученик која оценка би ја добил, техничките проблеми барем кај нас се надминати. Тие ученици на кои им праќаме печатени материјали продолжија така да ја следат наставата, додека кај другите во принцип нема проблеми со конекцијата –додава Дивјаковска.

Колку онлајн оценувањето на учениците ќе биде објективно?

Учениците кои добиваат печатени материјали се оние кои впрочем немаат интернет конекција или адекватни технички средства за успешно да ја следат наставата, а Дивјаковска ни објасни на кој начин ќе се изведува оценката кај нив.

-На учениците кои немаат техничка поддршка да следат онлајн настава им доставуваме печатени материјали и добиваме повратна информација од нив откако ќе ги сработат дадените задачи, а доколку има потреба ученикот ќе биде повикан на испрашување со физичко присуство – нагласи Дивјаковска.

Настава на телевизија е „гола вода“, образовниот процес стагнира за 40.000 ученици во земјава

Учениците се незаинтересирани, потребна е мотивација од наставниците

Во еден ваков начин на оценување и предавање потребно е самиот наставник да има голема мотивација и да се потруди ученикот да може да научи што е можно повеќе за да имаме некаков резултат, смета професорката Елвира Мустафа од средното училиште „Никола Карев“ во Скопје.

Мустафа се сомнева и во објективноста на ова оценување, а ја потенцираше и незаинтересираноста на учениците да научат повеќе преку онлајн наставата.

-Оценувањето се одвива преку онлајн испрашување на учениците. Проблемот е што не можеме да имаме објективно оценување на овој начин, системот функционира, но децата ја немаат истата мотивација како порано. Постои голема незаинтересираност помеѓу учениците и навистина не знам како ќе се формулираат оценки – истакна Мустафа.

Наставници со креативни идеи за онлајн настава: Виртуелни тури во зоолошки и музеи, гледање драми (ВИДЕО)

Како што вели таа, во нејзиното училиште наставниците сами ќе одлучат дали има потреба од оценување во живо, односно усното испрашување да не биде преку компјутер.

-Доколку има потреба ќе имаме и оценување во живо, поточно ќе ги повикаме учениците да се појават во училиште и на тој начин да ги испрашуваме, но тоа е индивидуално, односно секој професор може сам да одлучува како ќе оценува – заврши Мустафа.

МОН: Наставниците ќе имаат поддршка за сите натамошни предизвици

На ниво на цела држава, 90,2 % од учениците успешно следат онлајн настава, рече министерката за образование и наука Мила Царовска при вчерашната работна посета на Општина Прилеп, а потоа истакна и дека наставниците ќе имаат сета поддршка и во процесот на оценување.

– За останатите девет проценти, наставата се следи преку телевизија, но и со доставување на печатени материјали до учениците. Благодарност до Националната радиотелевизија заради тоа што овозможи 15-минутни часови да се одвиваат и на телевизија. Како МОН сме задоволни од моделот на настава којшто се избра заедно со Владата, а тоа е комбиниран, дел со физичко присуство дел со онлајн настава – изјави Царовска.

Царовска: Онлајн-настава успешно следат 90 проценти од учениците

Во наредниот период следува оценувањето на учениците, а до 20 ноември треба да се утврди и првото тромесечје.

Царовска укажа дека и наставниците и учениците ќе имаат поддршка за сите предизвици коишто ќе се јават, па останува да видиме како тој процес ќе се имплементира на дело.

 

The post Наставниците се сомневаат во објективноста на онлајн оценувањето appeared first on Слободен печат.


Наставниците се сомневаат во објективноста на онлајн оценувањето was first posted on ноември 5, 2020 at 1:37 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....