-0.2 C
Скопје
03:59 - 28 ноември, 2024

Нападнати унгарски финансиски институции од хакери од Кина, Русија и Виетнам

Унгарските финансиски институции и телекомуникациската инфраструктура пред два дена претрпеле силен кибер напад од компјутерски сервери лоцирани во Русија, Кина и Виетнам, соопшти денеска телекомуникациската компанија „Маѓар телеком”.

Институциите и инфраструктурата доживеале таканаречен DDoS напад во кој хакерите ја преплавуваат мрежата со невообичаено голем интернет сообраќај со цел да ја парализираат.

Овој напад беше 10 пати помоќен од вообичаените DDoS напади, соопшти „Маѓар Телеком”.

„Ова значи дека во однос на големината и комплексноста ова беше еден од досега најголемите хакерски напади во Унгарија”, додаде телекомуникациската компанија.

Нападот се случил во неколку бранови, нарушувајќи ги услугите на некои финансиски институции и нарушувајќи некои услуги на „Маѓар Телеком” во делови од Будимпешта.

The post Нападнати унгарски финансиски институции од хакери од Кина, Русија и Виетнам appeared first on Слободен печат.


Нападнати унгарски финансиски институции од хакери од Кина, Русија и Виетнам was first posted on септември 26, 2020 at 12:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....