Приказната за десетгодишниот Иван од Русија кој наводно ја забременил тринаесетгодишната Дарија го обиколи светот.
Лекарите велат дека тоа е невозможно, а бремената девојка се заколна дека немала друг партнер.
Двајцата, со дозвола од нивните родители, се појавија дури и на руската телевизија, каде Дарија рече дека се запознале пред една година и се заљубиле на прв поглед, и дека оттогаш се заедно. Тие тврдат дека се за вљубени и сакаат да го задржат бебето.
Лекарите, сепак, се сомневаат дека тоа е можно.
– Ги проверивме наодите три пати за да не може да има грешка. Тој нема половни клетки. Се уште е дете. Тој дури нема тестостерон и неговите сексуални органи сè уште се во фаза на развој. Сè уште не достигнал пубертет, така што има многу неодговорени прашања”, тврди урологот Евгениј Греков.
Дарија дури и не сака да слушне за абортус и тврди дека таа и Иван спиеле само еднаш кога тој бил сам дома.
– Откако го сторивме тоа, се засрамивме, па се скривме под кебињата, рече таа.
Набргу почнала да чувствува мачнотија, а кога мајка и ја однела на лекар, се открило дека е бремена. Малиот Иван вели дека не се сомнева дека бебето е негово.
– Дарија никогаш не била со друг, сигурен сум во тоа. Јас сум таткото на нејзиното бебе, рече тој.
The post НА ЛЕКАРИТЕ НЕ ИМ СЕ ВЕРУВА: Тринаесетгодишно девојче од Русија забременила од десетгодишно момче (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.