12.8 C
Скопје
08:00 - 3 мај, 2024

МЗ открива кои услови треба да се исполнат за да се олабават рестириктивните мерки

По објавување на препораки од епидемиолозите дека се создадени услови за олабавување на рестриктивните мерки за заштита од ширење на коронавирусот  од Министерството за здравство велат дека поради природата на ковид-19, тешко е да се разбере влијанието на какво било олеснување на ограничувањата сè додека не поминат  10-14 дена.

-Олеснувањето на ограничувањата ќе биде постепено и како резултат на ковид-19, многумина ќе се вратат со нова нормална хигиена на рацете, хигиена  за кашлање и воспсотавено дистанцирање – велат од МЗ.

Оттаму додаваат дека критериуми да се започне со олеснување на мерките за физичко дистанцирање се дадени во упатството на СЗО кое вклучува 6 критериуми за преминување кон олеснување на ограничувањата на забраните.

Земјите мора да обезбедат:

  • докази дека е контролирана трансмисијата на ковид-19;
  • воспоставени се капацитети на јавното здравство и здравствениот систем за да се идентификуваат, изолираат, тестираат,  да се следат контакти и обезбеден  карантин;
  • дека ризиците од појава на болест се минимизираат во поставките за голема ранливост, особено во домовите за стари лица, установи за ментално здравје и преполни места на живеење;
  • утврдени превентивни мерки на работното место, вклучително физичко растојание, одржување на зачестена лична хигиена  за миење раце и респираторна хигиена;
  • дека при внес на ризици истите можат да се управуваат контролираат ;
  • дека сите фактори во заедницата  се свесни, ангажирани и учествуваат во транзицијата.

До каде сме ние со исполнувањето на овие критериуми и кога може да очекуваме животот да почне да се враќа во нормала засега никој кажува. Вчера министерот за здравство Венко Филипче рече дека е направено многу.

-Нашите сегашни анализи укажуваат на тоа дека факторот на трансмисија генерално на целата земја е под еден, меѓутоа правиме детални анализи за одредени региони во земјата и чекаме уште неколку денови да видиме каков ќе биде трендот на новодијагностицирани пациенти. Со сите тие мерки досега, ја израмнивме кривата на епидемијата, не го оптоваривме здравствениот систем. Ќе повторам, имавме линеарен број на случаи и еве секој ден голем број на оздравени. Само и единствено ако лично секој граѓанин се заложи и даде свој придонес во доследно почитување на мерките, ние ќе го задржиме овој тренд, и ќе ја надминеме оваа состојба и постепено ќе го вратиме нашиот живот во нормала – истакна министерот Филипче.

The post МЗ открива кои услови треба да се исполнат за да се олабават рестириктивните мерки appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....