11.8 C
Скопје
06:24 - 17 мај, 2024

Мислењето на Каракачанов не е пресудно, важен е ставот на владата на Борисов

Мислењето на Красимир Каракачанов дека Бугарија ќе ја блокира Македонија на првата меѓувладина конференција ако нема напредок во работата на мешовитата историска комисија не е пресудно. Важен е ставот на бугарската влада на чело со Бојко Борисов, кој неодамна изјави дека Бугарија нема да поставува услови на првата меѓувладина конференција која под германско покровителство треба да се одржи во декември, вели поранешниот амбасадор Љупчо Арсовски, за Слободен печат.

Каракачанов: Бугарија ќе ги блокира преговорите со ЕУ ако нема напредок за историските прашања

– Ставот на бугарската влада е дека нема да прави пречки и да поставува услови за старт на преговорите на Македонија со ЕУ. Мислам дека првата меѓувладина седница ќе помине без услови од Бугарија. Понатаму ќе има извешти со забелешки од секоја земја што значи дека и Бугарија ќе има простор за евентуални интервенции. Одвоени ставови на одредени лица, како на пример Каракачанов, не треба да не чудат. Тој е дежурен и не треба да не зачудува. Од време навреме, како и во изминативе години, ќе има одредени „клипчиња“, но сметам дека се за внатрешна употреба. Во време на протести во Бугарија, отворањето на било која надворешна тема претставува ризик, бидејќи може да ги разлутат партнерите од ЕУ. Не слушнавме дали Каракачанов изјавата ја дава како министер или како претседател на ВМРО-ОМД, бидејќи знаеме дека политиката на неговата партија е негаторска на се што е македонско – вели Арсовски.

На Фејсбук профилот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, последниот пост врзан за Македониа е на 30 август кога на Никола Димитров и Бујар Османи им ги честита новите функции. Тогаш таа напиша дека Бугарија
отсекогаш го поддржувала пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО и нејзините евроинтеграции и дека очекува да продолжи билатералната соработка и исполнувањето на договорите меѓу двете земји.

Претеседателот на македонско-бугарската комисија од македонска страна Драги Ѓоргиев за Слободен печат изјави дека кон крајот на септември или почетокот на окотомври ќе има нова средба со бугарските колеги. Во врска со изјавата на Каракачанов, вели дека не сака да коментира политички ставови бидејќи работата и јазикот на Комисијата е академска.

– Работата на комисиите ќе продолжи и тоа во најскоро време. Не станува збор за никаков прекин и намерно одолговлекување на работата. Има финеси кои треба да се усогласат, а присутена е и пандемијата од ковид-19. На он-лајн состанокот со бугарските колеги на 4 јуни за која ја информравме јавноста разговаравме за протоколот и записникот од последната средба. Разговорите со колегите за Гоце Делчев и учебниците ќе продолжат. И верувам дека преку дискусија може да се дојде до одредено решение. Ставот на Каракачанов е контрапродуктивен, вели Ѓоргиев.

На три месеци пред одржувањето на првата меѓувладина седница бугарскиот министер за одбрана и претседател на ВМРО-ОМД Каракачанов најави дека Бугарија ќе ја блокира конференцијата на Северна Македонија со ЕУ, ако мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прашања.

Тој во изјава за ТВ 24 вели дека македонската дипломатија веќе три години откако е потпишан Договорот за добрососедство одбегнува решавање на проблемите и очекува ЕУ да застане во одбрана. Според официјална Софија, македонската страна ги избегнува состаноците на историчарите за да не се соочи со решавање на прашањето за Гоце Делчев и со тоа покажува дека нема желба да води искрен дијалог.

– Јас сметам, штом имаме договори, треба да се почитуваат. Вие се согласивте да го смените знамето, да гo смените името. А со онаа земја која секогаш ѝ помагала на Македонија сметате дека може да постапите некоректно. Во меѓународните односи мора да има реципроцитет. И кога Бугарија се однесува џентлменски, се однесува коректно, кога и помага на Македонија, кога беше првата држава што ја призна Македонија, логично е да има реципрочно добро однесување и од другата страна – рече Каракачанов.

На 8 септември дипломатите на земјите членки на ЕУ се состанаа и разговара за нацрт-преговарачката рамка за Македонија. Продолжението на дискусијата на техничко ниво во ЕУ треба да продолжи утре. Македонските власти не очекуваат Бугарија да го блокира стартот на преговорите со ЕУ. Наскоро треба да биде објавена преговарачката рамка.

The post Мислењето на Каракачанов не е пресудно, важен е ставот на владата на Борисов appeared first on Слободен печат.


Мислењето на Каракачанов не е пресудно, важен е ставот на владата на Борисов was first posted on септември 10, 2020 at 1:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....