13.8 C
Скопје
21:10 - 3 мај, 2024

Мерките за коронавирус не важат тука: Во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи граѓаните „залепени“ еден до друг, без маски (ФОТО)

Во Македонија се уште е на сила вонредната состојба поради пандемијата со коронавирусот. И покрај најавените олабавени мерки од страна на Владата, сепак на сила се уште се мерките за задолжително носење на маски во затворен простор и држење на физичка дистанца од најмалку 1,5 метар. За непочитувањето на ваквите мерки следуваат и казни, а Владата им наложи на сите стопански субјекти да воведат задолжителна редарска служба која ќе се грижи за спроведување на мерките.

Но очигледно тоа не важи за државните служби. Читател на „Слободен печат“ до нашата редакција испрати фотографии од денешната состојба во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на општините на Град Скопје, каде, како што може да се види на нив, воопшто не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

На фотографиите се гледаат граѓани како чекаат во ред без никакво физичко дистанцирање меѓу нив, а голем дел од нив не носат ни маски, или ако ги носат, тие им се под брада.

„Бараката е стара и нема никава клима, па на жештините состојбата внатре беше ужасна, особено кога треба да дишеш со маска. Покрај тоа што немаше никаков ред, па луѓето беа буквално залепени еден до друг, многу од нив не ни носеа маски. Немаше ниту кој да го запази редот или да предупреди за потребната оддалеченост.

Вработената на шалтер викаше по присутните, но од таму не можеше да ја види ситуацијата, а ниту пак некој ја слушаше. Кога конечно дојдов на ред забележав и дека на отворен шалтер, ниту вработената не носи маска“, реагира револтирано нашиот читател и додава дека, додека чекал во ред на некоја девојка и се слошило.

The post Мерките за коронавирус не важат тука: Во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи граѓаните „залепени“ еден до друг, без маски (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Мерките за коронавирус не важат тука: Во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи граѓаните „залепени“ еден до друг, без маски (ФОТО) was first posted on мај 15, 2020 at 1:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....