17.8 C
Скопје
17:35 - 12 октомври, 2026

Мерилин Монро на денешен ден во 1954 година ја сними сексипилната сцена во када за филмот „Седум години верност“ ВИДЕО

Се сеќавате на познатата сцена со када во филмот „Седум години верност“ со легендарната холивудска ѕвезда Мерилин Монро?  Кадарот е снимен на 2 ноември 1954 година.

Ова потсетување е објавено денеска на фан страната на глумицата која беше симбол на гламурот и убавината на Холивуд во неговото златно доба.

Инаку, во септември 1954 година, Мерилин снима една од клучните сцени за „Седум години верност“ во Њујорк во која  таа стои покрај Том Евел, а воздухот од решетката на подземната железница ѝ го дува здолништето нагоре. Огромна толпа следи како режисерот Били Вајлдер наредува многупати да се пресними сцената.

Во толпата е и Џо Димаџо, за кого се забележува дека бил разбеснет од спектаклот. По кавгата, посведочена од страна на новинарот Волтер Винчел, двојката се враќа во Калифорнија, каде ги избегнуваат новинарите околу две недели, додека Монро не објави дека се разделиле.

Нивниот развод е одобрен во ноември 1954 година. Филмот е завршен во почетокот на 1955-та и откако ги одбива оние улоги кои таа ги смета за инфериорни во Девојката во црвен сомотен фустан и Како да се биде многу, многу популарен, по совет на Милтон Грин, Монро одлучува да го напушти Холивуд.

Слични објави

Џејла Рамовиќ го поддржа Јаков Јозиновиќ по бурата реакции за песната на Томпсон

Еспресо

Сања Маринковиќ за малку ќе била ограбена во Лондон: „Тројца ме опколија и ми ги влечеа телефонот и чантата“

Еспресо

Зорица Брунцлик откри дека се борела со рак: Најблиските ја криеле дијагнозата, сопругот проверувал дали дише

Еспресо

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Десет години љубов со Ивана: Пејачот Дарко Илиевски слави годишнина од бракот

Еспресо

Јелена Карлеуша за случајот со Јаков Јозиновиќ: „Ако на нашите пејачи им забрануваат концерти, треба да возвратиме со иста мера“

К.С.
Се вчитува....