Според пријател на војвотката во „Дејли меил“, Меган се доверила дека „нејзината душа е смачкана и дека чувствува дека не може да биде добра мајка на синот Арчи“, поради разделбата со кралското семејство.
Според објавата од „Дејли меил“, пак, парот можел да заработи до милион долари само со учество на настанот JP Morgan. Меѓу другото, се зборува дека „потегот на војводите од Сасекс е паметен потег за Маркл да стапи во контакт со некои од најбогатите луѓе во светот“.
Рон Tоросиан, извршен директор на популарната агенција за односи со јавност „5WPR“, со седиште во Њујорк, вели дека очекува парот да оствари меѓу 500.000 и 1 милион долари од еден говор на маркетиншкиот пазар во САД.
Неговиот колега во ПР секторот, и пријател на семејството Кардашијан, Сајмон Хак, вели дека „не би се шокирал ако Меган заработи 100 милиони долари само оваа година“.
The post Меган Маркл: Душата ми е смачкана, не можам веќе да бидам добра мајка на Арчи appeared first on Слободен печат.