12.8 C
Скопје
01:24 - 17 мај, 2024

Заев: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз пратениците да не гласаат за Законот за јавно обвинителство

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев тврди дека во законот за јавно обвинителство нема скриена амнестија и дека ќе има обвиненија за сите за кои постојат матерјални докази, иако за истрагите кои се покренати по 30 јуни 2017 година „бомбите“ нема да се користат како докази.

Сепак Заев обелодени дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нивните пратеници, осомничени или веќе обвинети луѓе им вршат притисок на пратениците да не гласаат за законот за јавно обвинителство. Заев вели дека имал збор од најмалку 80 паратеници дека ќе гласат за законот за јавно обвинителство, но сепак порачува дека ги нема нивните гласови во рака. Тврди дека притисокот врз пратениците бил десет пати поголем од оној притисок којшто го трпеле пратениците при гласањето за уставните измени.

– Дури и да се обезбедени Посебни истражни мерки со судски пресуди, врз основа на нив само,  не може да се заснова обвинение, мора да има материјални докази. Сите обвиненија кои се поднесени до 30 јуни 2017 година се безбедени, осигурани и предметите во судските постапки продолжуваат. Истовремено сето тоа што е покренато по тој датум, во законот се дава шасна на основа на материјалните докази да продлжат тие постапки. Аком има материјални докази се поднесува обвинение и судовите носат одлуки, ако нема, никој не е виновен. Затоа јас верувам дека за сите истраги и тоа како има материјални докази тоа, ќе го каже прво обвинителството, а потоа судовите. Суштината на ова решение е дали нашата земја ќе обезбеди двотретинско мнозинство што вооошто не е лесно и ретко се случува во државата за да ја осигура правната држава и правдата или ќе дозволи на бандитите и осомничените за незаконски дејствја да успеат, порача Заев.

The post Заев: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз пратениците да не гласаат за Законот за јавно обвинителство appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....