Еден ден откако мандатарот Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објавија договор за коалиција, неофицијално познати се и персонални решенија во новиот владин состав. Од редовите на СДСМ во новата влада на министерски позиции ќе бидат:
Љупчо Николовски – вицепремиер
Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија
Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
Венко Филипче – министер за здравство
Мила Царовска – министерка за образование и наука
Бојан Маричиќ – министер за правда
Благој Бочварски – министер за транспорт и врски
Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
Ирена Стефоска – министерка за култура
Предизборниот коалиционен партнер на СДСМ, партијата БЕСА, го добива ресорот земјоделство, каде влегува Аријанит Хоџа, а Горан Милевски од ЛДП останува министер за локална самоуправа.
Од редовите на ДУИ во новата влада влегуваат:
Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем
Фатмир Бесими – министер за финансии
Бујар Османи – министер за надворешни работи
Крешник Бектеши – министер за економија
Насер Нуредини – министер за животна средина
Од ДУИ соопштија дека за Министерството за информатичко општество и администравија дополнително ќе се одлучува, бидејќи кандидатката за оваа позиција, Ширет Елези, не поминала на вечерашниот Централен совет на ДУИ. Таа досега беше заменик-министерка за финансии.
The post Маричиќ во правда, Шахпаска во труд и социјала – Неофицијално составот на новата Влада appeared first on Слободен печат.
Маричиќ во правда, Шахпаска во труд и социјала – Неофицијално составот на новата Влада was first posted on август 19, 2020 at 8:42 pm.