-3.2 C
Скопје
21:39 - 24 ноември, 2024

„Маргини“ против партиски вработувања во „Комисијата за заштита од дискриминација“

Власта се плаши од „борбата“ против партиските вработувања како најголема дискриминација во државата, затоа не прифаќа во Комисијата за заштита од дискриминација да има и членови од граѓанскиот сектор, сметаат од невладината „Маргини“.

Мрежата за заштита од дискриминација, најавува протести доколку и власта, но и опозицијата изберат партиски кадри во Комисијата за заштита од дискриминација. Тие се против Предлог – Законот за заштита и спречување од дискриминација, во делот комисиониерите во Комисијата да бидат избирани според членот 18 бидејќи таков избор ќе бил нетранспарентен и партиски.

Тие стравуваат дека предлогот на невладините во Комисијата по двајца комисионери да бидат предложени од власта и од опозицијата, а останатите тројца од граѓанскиот сектор, нема да помине во собраниската процедура, бидејќи партиите со таквиот предлог ќе го изгубат партиското влијание.

Барањето на „Маргини“, не доби владина поддршка, и затоа тие не очекуваат поддршка од СДСМ и ДУИ. Драгана Дрндаревска од „Маргини“, за Слободен печат вели дека не се против Законот бидејќи 15 години водат борба тој да биде донесен. Но, најавуваат дека ќе инсистираат изборот на членовите на Комисијата да биде целосно транспарентен. Таа ги отфрла обвинувањата од власта дека ќе го успорат носењето на Законот доколу бараат амандмански измени и вели дека се бара само функционална Комисија која вистински ќе се бори против дискриминација.

– Власта опстојува на сегашното законско решение, членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да ги избира Собранието. Ќе го следиме нивниот избор и доколку изберат несоодветни комисионери, повторно ќе реагираме и како и минатата година ќе протестираме пред Собранието. Ако изберат партиски членови тогаш ќе немаме Закон бидејќи таквата Комисија на пример, нема да реагира на најголемата, во моментов дискриминација во државата – партиски вработувања. Политичката дискриминација и партиските вработувања со години се најчестиот облик на дискриминација во нашата држава. Не добивме аргументиран одговор од власта зошто е против нашиот предлогот, освен дека Законот е добар и дека го бара ЕУ, вели Дрндаревска.

Според Дрндаревска не се точни ниту информациите на владејачките СДСМ и ДУИ дека Венецијанската комисија дала „чисто“ зелено светло за Предлог – законот.

– Не се точни тврдењата на власта дека законот поминал без забелешки од Венецијанската комисија. Конкретно во однос на членовите 16, 17 и 18 од Законот каде се уредуваат критериумите и постапката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата, мислењето на Венецијанската комисија е негативно. Нивната препорака е да се доуредат овие членови, бидејќи независноста, транспарентноста и инклузивноста не се доволни само да се декларираат туку треба да се осигураат со предвидување на прецизни постапки и критериуми за избор на членовите на Комисијата, вели Дрндареска.

Пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин за Слободен печат вели дека амандманот кој ќе се најде на денешната амандманска расправа е по барање на „Маргини“.

– Ги поддржувам барањата на „Маргини“ во Комисијата тројца од членовите да бидат предлози од невладините организации бидејќи така ќе имаме потранспарентна работа на Комисијата за заштита од дискриминација. Но, и со новиот закон Собранието има задача да избере комисионери кои ќе работат професионално. Вели дека иако ќе бидат избрани преку Собранието и по предлог на партиите, се надева дека ќе бидат професионалци, вели Морачанин, за Слободен печат.

Неофицијално во СДСМ велат дека не го поддржуваат амандманот кој го бараат од „Маргини“, бидејќи со новиот предлог – закон се предвидува изборот на членовите да биде јавен и транспарентен.

Снежана Калеска Ванчева член на Комисијата за европски прашања за Слободен печат вели дека изборот на членовите во Комисијата е во согласност со сите институционални критериуми.

– Компаративно кај некои наши соседи собранието ги избира сите членови, кај некои комбинирано и претседателот на државата има свои предлози, но никаде не сретнавме тие да бидат предлагани од граѓанскиот сектор. Граѓанскиот сектор учествува во јавната расправа при нивниот избор. Сега е најважно Законот што побрзо да се донесе за да се формира Комисијата, вели Калевска Ванчева.

Во Комисијата за европски прашања пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Предлог – законот поднесе 15 амандмани.

Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ за Слободен печат вели ќе го поддржат барањата на „Маргини“, дел од членовите да бидат предлог од невладиниот сектор.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, апосолутно го поддржува барањето на „Маргини“ членовите на Комисијата за заштита од дискриминација да бидат избирани на истиот начин како што беа избрани и на Антикорупциската комисија. Имаме и наши забелешки, бидејќи вака предложениот закон е многу сложен. Нашиот став дека Закон за заштита од дискриминација е потребен, со исклучок на чл. 18 . Која собраниска комисија ќе ги избира членовите? Ако тоа биде Комисијата за избори и именувања тогаш ќе биде загрозен процесот поради политичкото мнозинство, вели Мизрахи.

Новиот Предлог – закон предвидува седумте членови на Комисијата да ги избира и разрешува Собранието. На четири од членовите мандатот им трае пет години, а на тројца, три години, со право сите да бидат уште еднаш реизбрани. Таму пишува и дека членовите на Комисијата треба да го одразуваат составот на општеството во целина и при нивниот избор треба да се применат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, но и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество.

Во Предлог – законот се предвидени и казнени одредби за извршителите на дискриминација. Глоги ќе има и за правни и за физички лица. За правните лица казните се до 10.000 евра. Од 400 до 1.000 евра за микро трговци, од 600 до 2.000 за мали трговци, од 1.000 до 10.000 евра за средни трговци. За големите трговци кои дискриминирале, глобите се повисоки и тие изнесуваат од 6.000 до 10.000 евра.

Предвидени се казни од 100 до 500 евра и за функцониери на државен орган, градоначалници и за службени лица на кои им е доверено вршење на јавно овластување. Глобите за физичките лица се во износ од 50 до 250 евра. Во тек е амандманска расправа во Комисијата за европски прашања.

Комисијата наместо да заштити, дискриминира од старт

The post „Маргини“ против партиски вработувања во „Комисијата за заштита од дискриминација“ appeared first on Слободен печат.


„Маргини“ против партиски вработувања во „Комисијата за заштита од дискриминација“ was first posted on октомври 21, 2020 at 12:46 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....