14.8 C
Скопје
21:09 - 28 април, 2024

Без законски измени, не може да има онлајн судење

Без да бидат извршени промени на серија членови од Законот за кривична постапка, не може, односно незаконски ќе е секоја предложена како идеја онлајн постапка да биде спроведена во Македонија, сметаат адвокатите и обвинителите со кои разговараше „Слободен печат“.
Тие тврдат дека голем дел од судовите немаат и соодветна техника за таква постапка. Но, и да имаат, нема судија кој ќе може да одржи такво судење, бидејќи свесно ќе го погази законот, тврдат упатните.
Во законот јасно и децидно пишува дека на обвинетиот (освен ако не е во бегство) му се суди во негово присуство. Втор проблем е што за такво судење треба да се има одлука од Судски совет. Треба да се интервенира во законот каде ќе се нагласи дека се бара согласност од странките за такво рочиште и ќе се „тргне“ проблемот заштита на приватност. Без согласност од обвинетиот таквото судење не може да се одржи – вели адвокатот Никол Стојановски.
Тој вели дека и сите страни да се сложат во вакви законски услови да има онлајн судење, обвинетиот може да каже не се согласувам, и можното рочиште веднаш завршува.
– Мора да ги земете во предвид и правните „игри“ кои за вакви рочишта ќе ги прави одбраната на обвинетиот.
Ќе речат дека нивниот клиент е технички неписмен, или нема компјутер со камера, дека има трема да збори пред камера и сето тоа е со цел само на одолговлекување на постапката – велат дел од обвинителите со кои разговаравме.
Вчера министерот за правда на Македонија Бојан Маричиќ истакна дека преку владините уредби за време на вонредната состојба, судовите и обвинителствата постапувале единствено по итните случаи, како и за оние за кои постоело опасност да застарат, но дека одредени судови ја искористиле можноста да продолжат со одржување на рочиштата онлајн. Воедно, Маричиќ потенцираше дека во еден случај на онлајн судење, сите странки од постапката пред судот се вклучиле од различни градови, а обвинетиот пак од притвор, што според министерот се покажало доста ефикасно и во интерес на сите странки во постапката.
Пред три дена и претседателот на Судскиот совет Киро Здравев изјави дека има една препрека поради која се доведува во прашање спроведувањето на ваквата идеја, а тоа е согласноста на обвинетиот за ваков тип судење.
„Мора во иднина да се менуваат процесните закони за да може да се предвиди можност и за онлајн-судење. Ќе мора да се бара некое решение, некој излез од таа состојба“.
Во моментов не се дискутира за одложување на судските рочишта кои не се итни, како што беше во март, април и мај, но Судскиот совет најавува дека бара решенија за онлајн-судења.
Освен законските пречки за одржување онлајн-судења, друг проблем со кој се соочуваат судовите, ако веќе се создаваат услови за ваков начин на судење, е фактот дека поголемиот дел од судовите во државата не се технички опремени за вакви постапки.

The post Без законски измени, не може да има онлајн судење appeared first on Слободен печат.


Без законски измени, не може да има онлајн судење was first posted on октомври 21, 2020 at 1:20 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....