19.8 C
Скопје
17:37 - 26 април, 2024

МАПА ВО ЖИВО: Се бројат гласовите – Трамп останува или Бајден доаѓа

Претседателот на САД, Доналд Трамп и демократскиот ривал на изборите Џо Бајден остануваат во тесна трка, од која Американците и поголемиот дел од светот ги чекаат изборните резултати од неколку клучни држави.

Републиканскиот кандидат за претседател во САД, Доналд Трамп се огласи на Твитер откако објави законска процедура поради пребројувањето на гласовите во Висконсин и Мичиген, во кои според неофицијалните податоци победи неговиот противник, демократот Џо Бајден.

08.49 -Изборниот штаб на Трамп поднесе жалби за гласањето на изборите во неколку сојузни американски држави

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе жалби во Пенсилванија, Мичиген и Џорџија, поставувајќи основа за оспорување на гласањето во земјите каде заостанува зад демократот Џо Бајден.

Доналд Трамп имаше обраќање од Белата куќа / 4 ноември 2020 / Вашингтон ДС, САД / Фотоо: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL
Доналд Трамп имаше обраќање од Белата куќа / 4 ноември 2020 / Вашингтон ДС, САД / Фотоо: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Новите жалби, кои се приклучуваат на постојните тужби на републиканците во Пенсилванија и Невада, бараат подобар пристап на набљудувачите од штабовите до локациите каде се обработуваат и бројат гласачките ливчиња и изразуваат загриженост за гласањето во отсуство, соопштија од штабот на Трамп.

– Штабот на Трамп се обидува да интервенира и во случајот Пенсилванија во Врховниот суд, со прашањето дали може да се избројат ливчињата добиени до три дена по изборите, изјави заменик-менаџерот на кампањата, Џастин Кларк.

Републиканците исто така најавија дека ќе бараат пребројување на гласовите во Висконсин, држава каде АП вчера го прогласи и Бајден за победник.

Менаџерот на кампањата Бил Степиен ги наведе „неправилностите во неколку окрузи во Висконсин”, без да наведе детали.

Бајден вчера рече дека пребројувањето треба да продолжи во сите држави, додавајќи дека „никој нема да ни ја одземе демократијата, ниту сега ниту никогаш”.

08.12 – Бајден го освои Мичиген и е се поблизу до победа на изборите

Кандидатот на Демократската партија на претседателските избори во САД, Џозеф Бајден го освои Мичиген, нова клучна федерална држава и е се поблизу до победа.

Пред освојувањето на Мичиген, Бајден синоќа со победата во Висконсин се приближи до победата над актуелниот американски претседател и кандидат на републиканците, Доналд Трамп.

Мичиген, Висконсин и Пенсилванија беа клучни држави на претходните избори во 2016 година. Во секоја од нив, Трамп ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон за помалку од еден процент.

Бајден досега победи во 22 од 50 сојузни држави и Дистриктот Колумбија и „освои” 264 електорски гласови. Тој доби повеќе од 71 милион гласови – најмногу во историјата на претседателските избори во САД.

Неговиот ривал, републиканецот Трамп победи во 23 сојузни држави и „собра” 214 изборни гласови.

Гласачите не гласаа директно за 74-годишниот Трамп или 77-годишниот Бајден, туку избираат избирачи (електори), демократи или републиканци, кои формално избираат претседател (Изборен колеџ) во декември. Бидејќи овој чин е формалност, победникот се знае веднаш по изборите.

Кандидатот што ќе победи во една сојузна држава ги „добива” сите свои гласачи, освен во Мејн и Небраска. Кандидатите можат да ги поделат гласачите во Мејн и Небраска, во зависност од резултатите на ниво на изборна единица во тие држави.

Победникот се уште не е познат во пет држави, Пенсилванија (со 20 гласачи), Џорџија (16), Северна Каролина (15), Невада (6) и Аљаска (3).

Бидејќи на кандидатот му е потребна поддршка од 270 од 538 гласачи за да победи, Бајден треба да освои само една од преостанатите пет држави за да влезе во Белата куќа.

Во Пенсилванија, по 89 проценти обработени гласови, Трамп води со 50,7 проценти, додека Бајден има 48,1 процент. Бајден е поверојатно да ја освои Пенсилванија, бидејќи меѓу преостанатите гласови, тие главно се испраќаат по пошта, меѓу кои демократскиот кандидат има несразмерна предност.

Трамп во Џорџија, каде беа обработени 98 проценти од гласовите, води со 49,6 проценти, додека Бајден има 49,1 проценти.

Во Северна Каролина, откако беа обработени 94 проценти од гласовите, Трамп има 50,1 процент, а Бајден 48,7 проценти.

Бајден има предност во Невада, каде по 75 проценти обработени гласови, тој има 49,3 проценти, додека Трамп 48,7 проценти.

Аљаска е традиционално упориште на републиканците, а победата на Трамп во таа држава не е доведена во прашање.

08.03 – Поддржувачи на Трамп, од кои некои вооружени, се собираат пред центрите за броење на гласови

Поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп, некои вооружени, се собираат пред центрите за броење на избирачките ливчиња за претседателските избори.

Во некои држави, каде што води американскиот лидер, демонстрантите бараат да се стави крај на броењето, а во други, каде заостанува – да продолжи.

Во округот Марикопа, Аризона, вооружени лица влегоа во изборен центар, додека демонстрантите се собираа надвор. Локалните медиуми јавија дека некои од демонстрантите биле вооружени.

Многумина носат капи со логото МАGA („Направи ја Америка повторно голема”) и пароли со неосновани обвинувања дека има изборни измами.

Поддржувачите на Трамп се собраа и пред центарот за броење во Детроит, Мичиген. Тие се залагаат за крај на пребројувањето, додека во Феникс, Аризона, демонстрантите бараат пребројувањето да продолжи со зголемувањето на шансите на американскиот лидер.

Приврзаниците на Трамп и крајно десничарската „Стоп за крадење” се судрија со демонстрантите за „Број ги гласовите” пред округот Кларк, Лас Вегас.

Ситуацијата е слична на онаа во 2000 година, кога на Флорида беа организирани демонстрации за да се запре пребројувањето на гласачките ливчиња на претседателските избори меѓу Ал Гор и Џорџ В. Буш.

Беа организирани мирни протести и во другите градови низ земјата, со барање за пребројување на сите гласови.

Полицијата опколи демонстранти кои учествуваат на маршот во Минеаполис. Властите уапсија и демонстранти во Портланд, Орегон.

07.31 – Џулијани: Се случува голема измама на изборите во САД, Бајден можеби гласал за себе 5.000 пати

Рудолф Џулијани, правен советник на американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, во говорот во Филаделфија рече дека „се случува голема измама” на изборите во САД.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, меѓу другото, даде бизарни проценки во својот говор, како на пример дека „мртвите и марсовците” можеби гласале на изборите, како и дека демократскиот кандидат Џо Бајден можеби гласал за себе 5.000 пати.

Пред да замине за Филаделфија, Џулијани на Твитер рече дека отишол во Пенсилванија со правен тим за да ги оспори резултатите од изборите во таа сојузна држава, што се смета за важно за исходот на изборите во САД.

Ситуацијата е слична на онаа во 2000 година, кога на Флорида беа организирани демонстрации за да се запре пребројувањето на гласачките ливчиња на претседателските избори меѓу Ал Гор и Џорџ В. Буш.

Беа организирани мирни протести и во другите градови низ земјата, со барање за пребројување на сите гласови.

Полицијата опколи демонстранти кои учествуваат на маршот во Минеаполис. Властите уапсија и демонстранти во Портланд, Орегон.

Њујорк Тајмс пишува дека Министерството за правда на САД им соопштило на федералните обвинители дека законот и дозволува на владата да испраќа вооружени полицајци во центрите за броење.

07.20 – Трамп: Штетата е веќе направена на интегритетот на нашиот систем и на самите претседателски избори

„Нашите адвокати бараа пристап до податоци, но каква корист од тоа? Штетата е веќе направена на интегритетот на нашиот систем и на самите претседателски избори. За тоа треба да разговараме! “, напиша Трамп.

Засега, Бајден има освоено 264 изборни гласови од 270 неопходни за победа на претседателските избори во САД.

23.05 – „Си-Ен-Ен“: Бајден победи и во Мичиген и освои уште 16 електорски гласа

Кандидатот на Демократската партија на американските претседателски избори, Џо Бајден, со неочекуван пресврт во последните неколку часа од пребројувањето на гласовите, извојува победа и во сојузната држава Мичиген, јави „Си-Ен-ЕН“.

Со оваа победа, втора вечерва по Висконсин, Бајден освои уште 16 електорски гласови и дојде до вкупно 253, со што до потребните 270 го делат уште 17 гласа.

Аналитичарите на „Си-Ен-Ен“ вечерва јавија дека со очекуваните победи во Невада (шест електорски гласа) и во Аризона (11 електорски гласа), Бајден ќе стигне до магичната бројка од 270 гласа потребни за влез во Белата куќа.

Актуелниот претседател и републикански кандидат на овие избори, Доналд Трамп, вечерва соопшти дека побарал судот да наложи прекинување на преборјувањето на гласовите во сојузните држави Мичиген и Пенсилванија.

22.29- ВО ЖИВО | Бајден: Уверени сме дека победивме

Уверени сме дека победивме – рече предмалку кандидатот на демократите за претседател на САД Џо Бајден.

-Бројот на нашите гласови се зголемува. На пат сме да освоиме историски број на гласови, повеќе од 270  милиони, рече тој во своето обраќање до нацијата додека и натаму се пребројуваат гласовите на досега најнапнатите избори во САД.

22.14 – „Си-Ен-Ен“: Бајден победи во Висконсин

Според денешните проекции на „Си-Ен-Ен“, демократскиот кандидат Џон Бајден победи во сојузната држава Висконсин која носи 10 електорски гласови.

Според „Си-Ен-Ен“, Бајден освоил 49,4 проценти од гласовите, а Трамп 48,8 проценти.

Фото: EPA-EFE/Morry Gash / POOL

Изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп веднаш ќе побара пребројување на гласовите во Висконсин, иако резултатите од претседателските избори во земјата сè уште не се официјално објавени.

Трамп победи на претходните избори во Висконсин

22.11 – Бајден ги повика приврзаниците да донираат средства за правна битка

Демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Џо Бајден ги повика приврзаниците да дадат финансиски придонес во акцијата на неговата кампања за заштита на изборите во случај на можна правна битка.

– За да се осигураме дека секој глас ќе биде преброен, ние започнуваме најголема акција за заштита на изборите. Бидејќи Доналд Трамп нема да го одреди резултатот од овие избори, туку граѓаните на Америка, рече Бајден на Твитер.

Кандидатката за потпретседател на САД, Камала Харис, исто така, ги повика приврзаниците на Твитер да донираат пари, пренесува „Си-Ен-Ен“.

– Трамп синоќа се закани дека ќе оди на суд за да спречи пребројување на сите гласови, но нашата кампања е подготвена да возврати. Нашата работа може да трае со недели и ни треба вашата помош. Дали можете да донирате пет долари на Фондот на Бајден за борба?”, напиша Харис.

Исходот од претседателските избори во САД е сè уште неизвесен, а пребројувањето на гласовите и натаму трае.

22.08 – Штабот на Трамп бара прекин на пребројувањето гласови и во Пенсилванија

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп најави правни постапки пред Врховниот суд поради нетранспарентност при пребројувањето на гласовите во Пенсилванија.

Со тоа се отвора можноста за привремено запирање на пребројувањето на гласовите во таа сојузна држава која носи 20 електорски гласови.

Штабот на Трамп претходно поднесе барање да прекине броењето на гласачките ливчиња на претседателските избори во сојузните држави Мичиген и Висконсин.

21.32 – Претседателски избори во САД: Бајден на чекор до триумф, Америка на чекор до хаос?

Демократскиот кандидат Џо Бајден, како што стојат работите во моментот, е на чекор од победа на најтензичните претседателски избори во историјата на САД. Иако сè уште ништо не е готово, Бајден кој, според најновите податоци освои една од трите клучни држави – Висконсин, а му се насмевнува и победа во Мичиген, би можел наскоро да слави.

Меѓутоа републиканскиот ривал Доналд Трамп и неговиот тим, на кои токму победи во Мичиген и во Висконсин би му осигурале уште еден мандат во Белата куќа, сигурно нема лесно да признае пораз. Тие веќе најавија дека ќе бараат ново пребројување на гласачките ливчиња во двете споменати држави.

Со оглед дека светот се изнагледа, изнаслуша и изначита за пресврти во најтензичната изборна ноќ, јасно е дека ништо не е извесно, освен дека на Америка, без разлика што ќе се случи, и се заканува хаос.

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Двајцата кандидати за претседател на САД уште од синоќа се менуваат на троновите во трите клучни држави – Пенсилванија, Мичиген и Висконсин. Иако светот заспа со Трамп во водство, сепак, се разбуди со доминација на Бајден во двете од трите одлулувачки држави.

Бајден, како што наведува и „Си-Ен-Ен“, го освои Висконсин и тоа со 20.000 гласови повеќе од Трамп. Во таа држава преостанаа да се избројат уште гласови од едно мало место, но не се очекува дека ќе влијаат врз конечниот резултат.

Истовремено, Бајден води и во Мичиген и доколку се остварат моментните проценки и кандидатот на демократите ги освои двете клучни држави, Пенсилванија практично нема да му биде потребна под услов да ја задржи Невада.

Според статистиката на „Њујорк Тајмс“, во Висконсин се пребројани 98 отсто од гласачките ливчиња и Бајден води со 49,4 наспроти 48,8 колку што има Трамп. Разликата е слична и во Мичиген каде се пребројани 94 отсто од гласовите, па Бајден води со 49,6 за разлика од Трамп кој има 48,7.

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Доколку Бајден победи во тие две држави, ќе добие 26 електорски гласови, а со Аризона, каде демократите се наоѓаат на праг на победа во Невада за првпат по 70 години, победата ќе му биде загарантирана. Инаку во Невада се пребројани околу 86 отсто од гласовите, а процентот на пребројани ливчиња е најмал во Лас Вегас и во Рино што се смета дека оди во корист на Бајден.

Во ова сценарио, Трамп дури и да победи во Пенсилванија, каде води, но конечни резултати ќе нема до петок, Бајден ќе биде новиот претседател на САД.

Предворје на хаосот

Трамп, во секој случај, нема да замине без борба. Изборниот штаб на републиканскиот кандидат најави оти планира детална правна истрага во државите во кои разликата во гласови е момемтно мала, а тоа се Висконсин, Мичиген и Пенсилванија. Со други зборови, тие бараат повторно пребројување на гласовите во тие држави.

Во Висконсин останаа да се пребројуваат гласови од место во кое живеат само 300 лица што нема значително да влијае на резултатот.

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

– Претседателот е на ивица да побара повторно пребројување на гласовите, рече менаџерот на кампањата на Трамп, Бил Стивен во изјава дадена накратко по објавата на официјално изборно лице дека Бајден победил.

Ситуацијата е тесна и во Мичиген. Според последните проекции на „Си-Ен-Ен“ и на „Њујорк Тајмс“, Бајден има блага предност од 49,6 додека Трамп има 48,7. Мичиген инаку носи 16 електорски гласови кои го ставаат во редот на држави кои го одлучуваат победникот на најнеизвесните избори во САД.

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Третата клучна држава е Пенсилванија, меѓутоа, како што беше претходно соопштено, гласовите би требало да бидат пребројани до петок, 6 ноември. Засега, според проекциите на „Си-Ен-Ен“, Трамп таму има предност од 53,4 додека Бајден има 45 отсто.

Колку за потсетување, за победа на изборите се потребни најмалку 270 електорски гласови од вкупно 538.

20.29-Трамп го освои четвртиот изборен глас во Мејн

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп го освои четвртиот изборен глас во сојузната држава Мејн. Бајден претходно победи во Мејн, каде обезбеди три од четирите изборни гласови, додека Трамп победи во конзервативната област.

Кандидатот кој ќе победи во една сојузна држава ги „добива” сите нејзини гласови, освен во Мејн и Небраска. Кандидатите можат да ги поделат гласовите во Мејн и Небраска, во зависност од резултатите на ниво на изборна единица во тие држави.

Истата ситуација се случи во 2016 година, кога тогашната демократска кандидатка Хилари Клинтон освои три, а Трамп четвртиот изборен глас во Мејн. Бајден сега има 238, а Трамп 214 изборни гласови, а на еден кандидат му се потребни 270 гласа за да победи.

19.20- Нов твит на Трамп: Насекаде пронаоѓаат гласови за Бајден – во Пенсилванија, Висконсин и Мичиген

Американскиот претседател, Доналд Трамп, со нов твит повторно изрази сомнеж во регуларноста на пребројувањето на гласовите на претседателските избори.

“Тие работат напорно за да ја снема предноста од 500.000 гласови во Пенсилванија што е можно поскоро. Како и во Мичиген и во другите држави”, напиша Трамп на Твитер.

Во претходниот пост, тој изјави дека тие „наоѓаат гласови за Бајден насекаде – во Пенсилванија, Висконсин и Мичиген”.

„Тоа е толку лошо за нашата земја”, заклучи тој во својот нанјов твит.

19.00 – Изборен штаб на Трамп: Ако се пребројат легалните гласови, ние ќе победиме

Изборниот штаб на американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп денеска соопшти дека по законски пат ќе се обидат да обезбедат пребројување на легалните гласови и дека очекуваат да победат, додека гласањето во клучните земји продолжува.

– Ако ги преброиме сите легални гласачки ливчиња, ние ќе победиме, претседателот ќе победи”, рече Бил Степиен на конференциски повик.

18.55 – Штабот на Бајден со тврдење: На победнички пат сме во Висконсин за освојување на неопходните 270 електорски гласови

Менаџерот на изборниот штаб на Џо Бајден тврди дека демократскиот кандидат тој веќе победил во Висконсин.

Тој рече дека Бајден ќе има над 270 изборни гласови до крајот на денот, колку што е потребно за да победи, но и дека ако сега се запре со пребројувањето на гласови (како што бараат републиканците) тој победува.

Фото: EPA-EFE/SARAH SILBIGER / POOL

Според штабот на Бајден, тој ќе победи во Висконсин, Мичиген и Пенсилванија поубедливо од републиканскиот кандидат и сегашен претседател во 2016 година.

Според изборниот штаб, исто така, рече дека очекува дека Бајден ќе има мнозинство гласови и во Невада.

Според него, броењето на резултатите во Мичиген и Џорџија се очекува да заврши денеска, а во Невада и Мичиген до утре (по локално време).

Се додава дека на гласовите од Северна Каролина може да се чека уште неколку дена.

18.27 – Трамп на Твитер: Ноќеска водев и гласовите одеднаш почнаа магично да исчезнуваат

Броењето на гласовите од вчера одржаните претседателски избори во САД е во тек, резултатот од гласањето е крајно неизвесен, но актуелниот претседател Доналд Трамп веќе фрли сомнеж на конечниот исход. По ноќешниот говор во кој прогласи победа, тој се огласи и на Твитер.

Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

– Синоќа водев, честопати солидно, во голем број клучни држави, во речиси сите места што ги држеа и контролираа демократите. Потоа, еден по еден, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеја изненадувачки допишаните гласови. Многу чудно”, напиша Трамп.

18.00 – Северна Дакота: Победил на изборите еден месец откако починал

Официјални лица во американската држава Северна Дакота не се соочуваат само со проблем на пребројување на гласовите на претседателските и на парламентарни избори, туку и со проблем на мртов човек кој победил на една од изборните трки.

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Републиканецот Дејвид Андал почина во октомври на 55-годишна возраст од компликации поврзани со коронавирусот, но неговото име веќе беше на гласачкото ливче и немаше начин како да се отстрани. Откако почина, изборните службеници изјавија дека не се сигурни што да сторат доколку победи Андал.

Тој беше еден од двајцата главни кандидати за државен претставник во државната област 8, освојувајќи 35,5 проценти од гласовите.

17.00 – Бајден води во Мичиген и Висконсин, Трамп во Пенсилванија

Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден го презеде водството во државите Мичиген и Висконсин, а републиканецот, сегашен претседател Доналд Трамп, води во Пенсилванија, објави Си-Ен-Ен.

Претседателските избори во САД се покажаа понеизвесни отколку што се очекуваше, а три држави, Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, би можеле да бидат клучни во одлучувањето дали Трамп или Бајден ќе победат на изборите.

Откако беа преброени мнозинството гласови во Висконсин и Милвоки, Бајден има мала предност, но се уште е рано за проценка на конечните резултати.

Си-Ен-Ен објави дека е најнеизвесно во девет сојузни држави каде сè уште не е познато кој ќе ги добие гласовите на електоратот.

Станува збор за Аљаска, Аризона, Џорџија, Мичиген, Мејн, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.

Според американските медиуми, Бајден досега има освоено 224, а Трамп 213 изборни гласови.

За да се победи на изборите, потребно е да се освојат 270 од 538 изборни гласови.

16.32 – Изборите понеизвесни од очекувањата, Бајден во мала предност

Претседателските избори во САД се покажаа понеизвесни отколку што се очекуваше, а државите Висконсин, Мичиген и Пенсилванија би можеле да бидат одлучувачки во трката за Белата куќа меѓу актуелниот претседател Доналд Трамп или демократскиот кандидат Џо Бајден, пренесуваат американските медиуми.

По пребројување на мнозинство на гласалчки ливчиња во Висконсин и во Милвоки, Бајден има мала предност, но рано е за проценка на конечните резултати.

Трамп победи во Охајо, во Флорида, во Тексас, во Ајова, во Кентаки, во Индијана, во Западна Вирџинија, во Јужна Каролина и во Небраска, додека Бајден победи во Минесота, во Калифорнија, во Аризона, во Вермонт, во Вирџинија, во Род Ајленд, во Илиноис, во Њу Џерси, во Конектикат, во Делавер, во Мериленд и во областа Колумбија.

Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

„Си-Ен-Ен“ објави дека најнеизвесно е во девет сојузни држави каде сè уште не е познато кој ќе ги добие гласовите на електоратот. Станува збор за Аљаска, за Аризона, за Џорџија, за Мичиген, за Мејн, за Невада, за Северна Каролина, за Пенсилванија и за Висконсин.

Државата што може да одлучи за изборите е Пенсилванија која носи 20 изборни гласови. Таму во предност е Трамп со околу 12 проценти.

Најважните држави во кои Трамп победи се „колебливата“ Флорида, која носи 29 изборни гласови и Тексас со 38 гласа. Бајден, пак, победи во традиционално демократската Калифорнија (55 електори) и во Њујорк (29).

Едно од најголемите изненадувања на Бајден се случи со освојувањето на Аризона, што ја држеа републиканците на сите избори од 1948 година, освен кога победи демократот Бил Клинтон во 1996 година.

Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

За да се победи на изборите, потребно е да се освојат 270 од 538 изборни гласови.

Четири држави – Пенсилванија, Висконсин, Мичиген и Џорџија оставија десетици илјади гласови настрана, забавувајќи ја трката за Белата куќа, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Изборната комисија во некои земји одлучи да престане да го прекине броењето и да продолжи со работа во среда, односно од 16 часот по средноевропско време.

Некои окрузи во Пенсилванија дури и не започнаа да ги класифицираат гласовите што пристигнаа по пошта, па затоа ќе го сторат тоа во текот на денот.

16.24 – Трамп на Твитер: Водев на изборите, а потоа гласовите магично исчезнаа

Во САД во тек е пребројувањето на гласовите и Американците се во исчекување дали Трамп ќе остане претседател на САД со нов четиригодишен мандат или пак во Белата куќа ќе влезе поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Трамп првично прогласи победа, а сега веќе ја оспорува победат на противкандидатот:

„Синоќа водев, често солидно, во бројни клучни држави, во речиси сите места кои ги држеа и контролираа демократите. Потоа, една по една, почнаа магично да исчезнуваат додека се броеја изненадувачките дописни гласови. МНОГУ ЧУДНО, а анкетарите се сфатија целосно и историски погрешно“, рече тој.

14.41 Мамер: ЕК ќе ги почекаме официјалните резултати од изборите во САД

Европската комисија соопшти дека ЕУ нема да се меша во суверениот демократски процес на  големата демократија, како што се САД, и ги повикува сите да ги следат официјалните соопштенија на надлежните изборни власти во оваа земја.

Брисел не сакаше да го коментира твитот на словенечкиот премиер, Јанез Јанша, кој денеска веќе твитна дека е сосема јасно дека Американците го избраа Доналд Трамп за претседател и притоа им честита на републиканците за добриот резултат низ целата земја.

-Оставете процесот во САД да заврши и да се објават официјалните резултати. Ние нема да ги коментираме резултатите до финалето или на изборниот процес доколку не биде целосно нарушен, и колку што можаме да видиме, тоа засега не е случај, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

На редовната прес-конференција во Брисел, Мамер рече дека го разбира екстремниот интерес за настаните од другата страна на океанот, но исто така додаде дека Комисијата очекува да го слушне официјалното соопштување на резултатите од оние кои се одговорни за изборниот процес во САД.

13.17 – Американските медиуми го прекорија Трамп поради тврдењата дека победил на изборите

Американските медиуми го прекорија актуелниот американски претседател Доналд Трамп откако на телевизија во живо изјави дека победил на претседателските избори, иако пребројувањето на гласовите се уште трае.

Трамп пред новинарите и приврзаниците во Белата куќа истакнал дека е голема измама на нацијата што не бил прогласен за победник.

– Што се однесува до мене, ние веќе победивме, изјави Трамп.

Новинарка на Си Би Ес њуз истакна дека Трамп ги „кастрирал фактите”, лажно тврдејќи дека победил на изборите и ги обесправил милиони гласачи чии гласачки ливчиња не се преброени.

– Доналд Трамп моментно губи и на гласањето на народот и на гласањето на електори, а останаа уште многу држави во кои треба да бидат преброени гласовите, нагласи рано изутринава новинар од Еј Би Си њуз.

Асошиејтед прес за време на изјавата на Трамп објави дека тој освоил 213 електорски гласови, додека Бајден имал 225. АП тврди дека е многу рано за прогласување победник во неколку сојузни држави, вклучувајќи ги Пенсилванија, Џорџија и Мичиген.

Медиумите претходно предупредуваа дека Американците ќе мораат да бидат трпеливи, чекајќи ја одлуката во жестоката кампања меѓу Бајден и Трамп.

12.51 – Во Невада утре продолжува пребројувањето на гласовите

Во американската сојузна држава Невада пребројувањето на гласовите ќе продолжи утре во девет часот по локално време, објави „Едисон рисрч”.

Во Невада останаа да се пребројат гласовите пристигнати на денот на избори и тие што ќе пристигнат следните недели.

До сега од 70 отсто од преброените гласови, мала предност има демократскиот кандидат Џо Бајден.

Во меѓувреме Си-Ен-Ен објави дека во девет сојузни држави – Алјаска, Аризона, Висконсин, Мичиген, Мејн, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Џорџија, се уште не познато на кого ќе му припаднат гласовите од електоратите.

epa08797811 A restaurant worker wearing a protective face mask watches US President Donald Trump’s speech on a TV during US presidential elections, at a restaurant in Beijing, China, 04 November 2020. US citizens voted during the presidential election on 03 November, to determine who will be the President of the United States of America to serve from 2021 through to 2024. EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Според досегашните податоци Бајден освоил 224 електорски гласови, а Доналд Трамп – 213, но за победа на изборите неопходно е еден од кандидатите да добие 270 електорски гласови.

12.09 – Бајден води со 0,3 отсто пред Трамп во Висконсин

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден има предност од 0,3 проценти во однос на актуелниот претседател Доналд Трамп во Висконсин по преброени 89 отсто гласови.

Бајден освои 49,3 проценти од гласовите во Висконсин, а Трамп 49. Ако Бајден победи во Висконсин, тој ќе има најмалку 248 места во Изборниот колеџ.

Според досегашните податоци, Пенсилванија, Мичиген и Висконски се клуч за победа на еден од кандидатите. Се уште не се преброени избирачките ливчиња испратени по пошта и тоа може да потрае неколку денови.

По преброени 64 отсто од гласачките ливчиња, американскиот лидер ја предводи Пенсилванија со скоро 700.000 гласови (2,96 милиони гласови или 55 отсто). Во Мичиген, со преброени 82 отсто од гласачките ливчиња, Трамп води со 200.000 гласови (51,5 отсто), а во Висконсин, Бајден има предност од 0,3 отсто или помалку од 10.000 гласови.

Резултатите од Невада, Северна Каролина и Џорџија се уште не се познати.

11.16 – Трамп се заканува, Бајден повика на трпеливост

Доналд Трамп се заканува дека ќе ја води борбата за претседателските избори во САД пред судовите, тврдејќи без доказ дека во тек е „голема измама”, додека кандидатот на демократите Џо Бајден повикува на трпеливост, барајќи да се заврши броењето на гласовите.

Трката за Белата куќа е многу непредвидлива отколку што покажаа анкетите. Ниту еден поголем медиум не прогласи победа за Трамп или за Бајден. Гласачките ливчиња се уште се пребројуваат во главните колебливи држави. Додека не се пребројат повеќе гласови, невозможно е да се утврди победник.

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Трамп, републиканец, ефектно изјави дека се гледа себеси како победник – очекуван потег од претседател кој долго време покажуваше агресивен и нетрпелив стил, но оној што потенцијално ги прави веќе оспоруваните избори веќе поборбени.

Бајден, од друга страна, беше повнимателен, но изрази уверување дека штом ќе бидат преброени сите гласови, тој ќе биде следниот претседател на САД.

Повеќето анкети го предвидуваа како победник, но досегашните резултати сега не го покажаа тоа.

„Веруваме дека сме на добар пат да победиме на овие избори”, рече Бајден во говорот во неговата матична држава Делавер. „Се чувствуваме добро за тоа каде сме”, додаде тој.

Трамп, од Белата куќа, се обрати на преполната соба поддржувачи, многумина без маски.

Доналд и Меланија Трамп по обраќањето на претседателот од Белата куќа / 4 ноември 2020 / EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Тој вети дека ќе оди директно на Врховниот суд за да се бори против она што го смета за неправилност, дури и бидејќи нема никакви знаци на лошо дело во Пенсилванија, државата во срцето на неговите неиздржани тврдења.

„Ние ќе победиме. И, што се однесува до мене, ние веќе победивме”, рече Трамп. Во трката за Белата куќа, кандидатите генерално чекаат додека има јасен и неоспорен исход пред да прогласат победа.

„Ќе одиме до Врховниот суд на САД. Сакаме гласањето да престане. Не сакаме да најдат ливчиња во 4 часот наутро и да ги додадат на списокот. Добро? Многу е тажно”, изјави Трамп.

Не е јасно дали Трамп бара да се поништат гласачките ливчиња кои веќе биле законски прееброени, во што би бил голем пресврт или зошто точно тој би се обратил на суд. Покрај тоа, во системот на САД,  мора прво да поднесат жалба до пониските судови.

Перформирачите на дрег Кајли О'Хара и Блич Вит Џои проаѓаат кај демократските поддржувачи кај American Airlines Center во Далас / 3 ноември 2020, Далас, Тексас / Фото: EPA-EFE/RALPH LAUER
Перформирачите на дрег Кајли О’Хара и Блич Вит Џои проаѓаат кај демократските поддржувачи кај American Airlines Center во Далас / 3 ноември 2020, Далас, Тексас / Фото: EPA-EFE/RALPH LAUER

Кампањата на Бајден соопшти дека има правни тимови подготвени да се борат против претседателот, истовремено критикувајќи го како обид за поништување на целосно легалните гласачки ливчиња.

„Изјавата на претседателот вечерва во врска со обидот да се затвори пребројувањето на уредно гласаните ливчиња е срамота, невидена и неточна”, наведе во изјавата Џен О’Мали Дилон, менаџер на кампањата на Бајден.

„Никогаш порано во нашата историја претседател на САД не се обидел да им го одземе гласот на Американците на националните избори”, рече таа.

11.01 – Анегрет Крамп-Каренбауер: Експлозивна ситуација во САД

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер изјави денеска дека ситуацијата во САД по изборите е „експлозивна”, изразувајќи загриженост дека тоа би можело да доведе до уставна криза.

– Ова е многу експлозивна ситуација. Таа може да доведе до уставна криза во САД, како што тврдат експертите. И тоа е нешто кое мора да предизвика голема загриженост, порача Крамп-Каренбауер.

Во САД се одржаа претседателски избори, на кои се избира меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и демократот Џо Бајден, но се избираат и членови на Претставничкиот дом и 35 членови на Сенатот.

Гласањето е завршено, гласачките места се затворени, но во голем број избирачки места победникот се уште е непознат, па новиот американски претседател би можел да биде прогласен дури за неколку денови.

10. 49 – Барањето на Трамп да престане броењето на гласовите е безобразно

Шефицата  на кампањата на демократскиот кандидат Џо Бајден, Џен О’Мали Дилон истакна дека прогласувањето на победа од страна на претседателот Доналд Трамп и барањето да престане броењето на гласовите е „безобразно, невидено и не точно”.

– Изјавата на претседателот за да се стопира пребројувањето на гласовите е безобразна, невидена и не точна. Никогаш претходно во нашата историја претседател на САД не се обидел да им го одземе гласот на Американците на националните избори, истакна Дилон.

Таа наведе дека Трамп нема правна моќ да прогласи победа или да влијае врз пребројувањето на гласовите, додавајќи дека правдата ќе ја бараат на суд.

Претходно, Трамп и се обрати на јавноста од Белата куќа прогласувајќи победа на изборите, иако Изборната комисија не ги има преброено сите гласови и ги обвини демократите дека се обидуваат да ги обесправат неговите гласачи, наведувајќи дека тие нема да го дозволат тоа.

– Искрено, победивме, иако не се преброени сите гласови. Му благодарам на американскиот народ за големата поддршка. Милиони и милиони луѓе гласаа за нас денес, но една тажна група на луѓе се обидува да ги обесправи. Нема да го дозволиме тоа. Се подготвувавме за голема прослава, рече Трамп.

Тој додаде дека ќе оди во Врховниот суд и ќе побара да се запре гласањето, наведувајќи дека е очигледно дека републиканците водат во преостанатите неколку држави и дека Бајден и демократите не можат да ги достигнат.

10.23 – Протести во САД во само неколку градови, во голема мерка мирни 

Околу илјада луѓе синоќа и рано изутринава се собраа на плоштадот „Црните живот се важни” во Вашингтон да протестираат против претседателот Доналд Трамп, додека уште стотици маршираа по улиците во централен Вашингтон, понекогаш блокирајќи го и сообраќајот и пуштајќи петарди. 

Слични протести кои започна во часовите веднаш по затварањето на гласачките места имаше и во неколку други градови низ САД, од Њујорк до Сиетл, сепак без видливо ненасилство или големи немири. 

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Во Вашингтон, демонстрациите беа мирни а луѓето извикуваа повици како  „Чии се овие улици? Наши улици”! или, „Ако нема правда, тие нема да добијат мир”! 

Демонстрантите носеа и големи транспаренти како оној со натпис „Трамп лаже постојано”. Медиумите пренесуваат дека некои од демонстрантите во еден случај ги дупнале гумите на паркирано полициско комбе. 

Стотици луѓе маршираа синоќа во анти-Трамп протест во Портланд, Орегон и Сиетл, уапсени биле неколкумина лица.

09.33 – Бајден победи во Мејн

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден доби најмалку три од четирите електорални гласови на Мејн, една од седумте сојузни држави со најмалку електорални гласови. 

Според неофицијалните резултати, мнозинство од избирачите гласале за Бајден, тој го добил гласањето и во Првиот конгресен дистрикт, што му носи вкупно три електорални гласови. Броењето во Вториот конгресен дистрикт на Мејн сеуште не е завршено.  

Изборните колеџи на Мејн и Небраска доделуваат електорални гласови пропрорционално на добиените гласови. Во останатите држави важи правилото „победникот добива сѐ “, односно оној што ќе освои просто мнозинство од гласовите ги добива сите електорални гласови

09.03 – Бајден победува во Аризона

Поранешниот потпретседател и кандидат на демократите за претседател на изборите, Џо Бајден победи во Аризона, и добива 11 изборни гласа во една од клучните држави во трката за претседателската функција, според проекции на американски медиуми.

Бајден е првиот демократ што ја „освоил” Аризона, која Трамп ја освои со 3,5 отсто во 2016 година, од 1996 година. Победата му отвора полесен пат на Бајден да стигне до 270 изборни гласови.

Бајден на медиумскиот пазар во Аризона, потроши двојно поголема сума на пари од Трамп. Тој предводеше во државата со 2,6 отсто ден пред изборите, според анкети на FiveThirtyEight.

08.56 -Трамп: Изборите се измама, гласањето треба да запре 

 Во кратка прес-конференција во Белата куќа во раните утрински часови денеска, претседателот Доналд Трамп изјави дека изборите се фалсификувани, дека затоа ќе оди на Врховен суд и побара „да се запре броењето на гласовите”. 

 -Тие можат во 4 часот изутринава да донесат уште цели комбиња со гласови и да продолжат да ги бројат. Нема да дозволима да се случи фалсификат. Сакам броењето (на гласови) да запре, изјави Трамп.

Од друга страна тој објави победа, иако во повеќе држави сеуште не се објавени конечните резултатите. Според Си-ен-ен, во Пенсилванија, на пример, води неговиот опонент, демократскиот претседателси кандидат Џо Бајден. Резултатите од ова сојузна држава се очекува да бидат објавени денеска попладне, а можеби и утре. 

Според Вашингтон пост, од 270 електорални гласови на изборниот колеџ потребни за победа, според неофицијалните резултати од досега преброените гласови и победи во некои држави, Џо Бајден има освоено 220 гласови, додека Трамп има освоено 213 гласови. Изборниот колеџ треба да го прогласи победникот откако ќе ги изброе гласовите, законски, тоа треба да го  стори најдоцна до 14 декември.

08.41 – Трамп прогласи победа, од Устравен суд ќе бара стоп за пребројувањето на гласовите

Американскиот актуелен претседател Доналд Трамп изјави денеска: „Ние победивме на овие избори”.
Тој најави дека ќе се обрати до Уставниот суд да се запре пребројувањето на гласовите.

07.55 – Избори во САД: Се уште тесна трка за претседател на државата

Двајцата кандидати бараат најмалку 270 од 538 гласачи на Изборниот колеџ доделени од државите, а Бајден има тесно водство од 238 гласови наспроти 213 гласови на Трамп, според „Фокс њуз”, бидејќи Бајден доминираше во либералните упоришта долж источниот и западниот брег.

Надежите на демократите во изборна вечер за брза и убедлива победа на Бајден, брзо испарија. И покрај пандемијата во која починаа повеќе од 230.000 Американци, раздвижената американска економија и хаотичната надворешна политика, срамежливиот стил на владеење на Трамп и слоганот „Направи ја Америка повторно голема” најдоа наклоност кај големите делови на земјата.

Пенсилванија, САД / EPA-EFE/TRACIE VAN AUKEN
Пенсилванија, САД / EPA-EFE/TRACIE VAN AUKEN

Говорејќи кратко по полноќ (05:00 Гринич), Бајден рече дека е убеден дека ќе победи на изборите, но вели дека за резултатите може да се почека некое време. Тој ги повика луѓето да бидат „трпеливи” и „да ја задржат верата”.

„Ние веруваме дека сме на добар пат да победиме на овие избори. Се чувствуваме добро за тоа каде сме”, додаде тој. Тој рече дека не очекува повеќе изјави до утрото.

07.43 – Во Небраска – Четири гласа од електорите за Трамп, еден за Бајден

Претседателот на САД и републикански кандидат Доналд Трамп освои четири од пет гласа на „електорите” во Небраска, додека неговиот противкандидат од редовите на демократите доби еден глас во таа сојузна држава.

Трамп победил во првиот конгресен округ, во третиот конгресен округ, како и на државно ниво. Трамп доби по еден глас од гласачкото тело за секоја конгресна област, како и уште два за победата на државно ниво.

Њујорк/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Бајден победи во втората конгресна област, која го вклучува најголемиот град во Набраска, Омаха.

Небраска е една од двете држави каде се поделени гласовите на избирачите. На претседателските избори во 2016 година, Трамп ги освои сите пет гласа на гласачите во Небраска.

07.38 – Бајден најавува да не се очекуваат нови информации од него за изборите

Кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден најавил дека нема повеќе информации  од него пред утрото, јави ДПА.

За тоа укажаа новинарите кои патуваат со кандидатот на демократите.

07.34 – Твитер избриша порака на Трамп во која тврди за „обиди на демократите да ги украдат изборите”

Твитер го обележа како потенцијално навредлива порака од американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, во која тој навестува дека демократите се обиделе да ги украдат изборите.

Твитер соопшти дека објавил предупредување за твитот на Трамп во врска со „потенцијално навредливо тврдење за изборите”.

Трамп претходно, без докази, ги обвинуваше демократите дека се обиделе да ги украдат изборите.

„Имаме голема предност, но тие се обидуваат да ги украдат изборите. Никогаш нема да им дозволиме да го сторат тоа. Гласовите не смеат да бидат дадени по затворањето на избирачките места, напиша Трамп

07.27 – Трамп победи и на Флорида

Претседателот на САД, републиканецот Доналд Трамп го победи кандидатот на демократите, Џозеф Бајден, во сојузната држава Флорида, една од најважните за исходот на изборите.

Флорида е често клучна држава кога трката е неизвесна како вечерва.

Освојувањето на Флорида го остава Трамп во трка за нов мандат. Да ја загубеше Флорида, немаше да има големи шанси да победи. Со победата во Флорида, Трамп „доби” уште 29 гласачи и сега има 174.

Бајден досега „освои” 223 изборни гласови.

За да победи на изборите, кандидатот треба да освои 270 од 538 гласачи.

Во сите други клучни држави, Трамп и Бајден водат неизвесна трка.

07.20 – Републиканците се обидуваат да го зачуваат конзервативното мнозинство во Сенатот

Демократите вчера им земаа едно место во Сенатот на републиканците во Колорадо, но тие веднаш одговорија со ново освоено место во Алабама, многу вредно во нивната борба за зачувување на конзервативното мнозинство во Сенатот.

Републиканците имаат 53 од 100 места во Сенатот. На вчерашните избори се избираа 35 пратеници.

Контролата на горниот дом во Конгресот е важен елемент на парламентарните избори во САД што се одржаа заедно со претседателските.

мајами за трамп
Во Мајами се слави победата на Трамп на изборите/ Мајами, Флорида 04 ноември 2020/ Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Демократите ќе мора да добијат четири места за да го преземат мнозинството во Сенатот или три ако Бајден победи на претседателските избори, па според Уставот, неговата потпретседател Камала Харис би бил гласот кој носи предност.

Поранешниот гувернер на Колорадо, Џон Хикенлупер го победи републиканскиот сенатор Кори Гарднер во неговата држава.

Но, во конзервативната Алабама, Томи Тубервил, поранешен тренер во американски фудбал, наскоро го врати тоа место против демократот Даг Џонс.

Во Јужна Каролина е реизбран сенаторот Линдзи Греам, близок соработник на Доналд Трамп.

Уште еден сојузник на а

07.20 – Трамп победува и во Тексас, проекции на американски медиуми

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп победи во државата Тексас, според проекции на АП. Тоа претставува разочарување за демократите кои се надеваа дека ќе ја „превртат историски црвената држава”.

Тексас не гласаше за демократ за претседател од 1976 година, иако постоеја заеднички напори државата да се претвори во сина во последните неколку години. Трамп го освои Тексас, кој носи 38 изборни гласови, со 9 отсто во 2016 година.

Поддржувачи на Трамп слават на улиците во Мајами откако прогласена е победа на републиканците во оваа држава / 3 ноември 2020, Мајами, Флорида, САД / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Поддржувачи на Трамп слават на улиците во Мајами откако прогласена е победа на републиканците во оваа држава / 3 ноември 2020, Мајами, Флорида, САД / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Трамп имаше предност од околу еден поен во државата една недела ден пред денот на изборите, според анкети на FiveThirtyEight.

07.09 – САД: Без кибер напади на денот на претседателските избори

Во денот на изборите не бил регистриран кибер напад, изјави директорот на Агенцијата за безбедност на интернет и инфраструктура (ЦИСА), Крис Кребс.

– Ова е резултат на четиригодишна соработка меѓу сите државни агенции и 50 земји што споделија податоци. Каде што бевме во 2016 година и каде сме сега е неспоредливо, рече шефот на ЦИСА.

Ен-Би-Си потсетува дека руски хакери се обвинети за наводно пренесување на десетици илјади гласови на Доналд Трамп, кои биле наменети за Хилари Клинтон, на претходните избори во 2016 година.

07.03 -Според 94 отсто преброени гласови – Трамп победи во Охајо, една од клучните држави

Претседателот на САД, Доналд Трамп го победи демократскиот кандидат Џо Бајден во Охајо, една од клучните држави, покажуваат податоците засновани на 94 проценти од преброените гласови.

Според „Фокс њуз”, Трамп освоил 53,5 проценти од гласовите, додека Бајден 45,1 проценти од гласовите.

Трамп освои повеќе од три милиони гласови, а Бајден повеќе од два и пол милиони гласа. Победникот на изборите во Охајо има 18 изборни гласови од 270, што е неопходно за победа.

Трамп победи и во Ајова и Тексас.

ВО ЖИВО: Избори во САД – Трамп или Бајден, Американците бираат претседател

The post МАПА ВО ЖИВО: Се бројат гласовите – Трамп останува или Бајден доаѓа appeared first on Слободен печат.


МАПА ВО ЖИВО: Се бројат гласовите – Трамп останува или Бајден доаѓа was first posted on ноември 5, 2020 at 9:22 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....