21.8 C
Скопје
16:32 - 28 март, 2024

Тасевски: Имаме одлична генерација со Пандев – во Македонија ЃП направивме победничка атмосфера!

Денеска сите погледи на македонската, фудбалска, спортската јавност ќе бидат насочени кон Тбилиси каде што нашата најдобра репрезентација се бори против Грузија за пласман на наредното Европско првенство.

Сите се надеваме и веруваме во победничките резултат на избраниците на селекторот Игор Ангеловски, а на голем успех се надева и тренерот на Македонија ЃП, Жикица Тасевски.

Во досегашниот дел од сезоната во Првата македонска лига, „лавовите“ од Ѓорче Петров остваруваат одлични резултати, во последниот лигашки меч (11. коло) со головите на Фернандо, Филиповски и Басит забележаа убедлива победа над Силекс (0:3) за моментно трето место во генералниот пласман со 22 бода, зад водечките Шкендија (25) и Шкупи (23).

– Задоволен сум од досегашните резултати на Македонија Ѓ. Петров, се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам. Успеавме во досегашниот тек од сезоната да направиме победничка атмосфера и играчите да ја имаат потребната самодоверба без разлика дали играме дома или во гости. Македонија Ѓ. Петров е клуб со традиција кој во минатото освојувал титули и играл во Европа организиран и со одлични услови за работа.

Имаме екипа спој на младост и искуство, тука е и Боби Божиновски, кој е капитен за сите играчи, професионалец кој несебично им го пренесува своето знаење и искуство на помладите играчи. Важно е што сите имаат желба да напредуваат и се дисциплинирани на тренинзите и натпреварите. Важна е и соблекувалната каде има мир и играчите се како една фамилија. Правиме видео анализи и се трудиме на секој натпревар да се подобруваме. Ни претстои период со многу густ распоред на натпревари, затоа мора паузата во првенството максимално да ја искористиме за добро да се подготвиме.

Ние како клуб ги почитуваме сите пропишани превентивни протоколи во борбата против короната. Ни смета што ги нема нашите навивачи и што играме пред празни трибини. Се надеваме дека напролет ќе се врати сè во нормала како во секојдневниот живот, така и во спорто – ни изјави тренерот на Македонија ЃП, Тасевски.

Следуваат репрезентативните обврски, нашата А селекција денеска ќе го игра мечот на годината за учество на ЕП, а последна пречка е Грузија во Тбилиси (18.00 часот).

– Денешниот натпревар е историски за нашиот фудбал. Желбата кај сите целата нација е огромна да се пласираме на едно големо меѓународно натпреварување. Имаме навистина одлична генерација предводена од нашата фудбалска икона Горан Пандев. Со досегашните игри во квалификациите и Лигата на нации покажаа дека сме созреани, има единство, атмосфера, квалитет и капацитет да ја крунисаме со Европско првенство. Им посакувам многу среќа и се надевам дека вечерва ќе ја израдуваат цела Македонија – додаде Тасевски.

Преземено од Слободен печат

Елмас: Влогот е голем, оптимист сум, се надевам дека ќе успееме!

The post Тасевски: Имаме одлична генерација со Пандев – во Македонија ЃП направивме победничка атмосфера! appeared first on Слободен печат.


Тасевски: Имаме одлична генерација со Пандев – во Македонија ЃП направивме победничка атмосфера! was first posted on ноември 12, 2020 at 9:50 am.

Слични објави

Почнува најдобриот Д Фестивал досега!

Еспресо

Велковски се закани: Данела Арсовска да се извини во рок од 48 часа, ќе ја тужам за клевета

Еспресо

„Супер лут предизвик“ – Во петок во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперки

Еспресо

Заврши куќниот притвор за Ламбе Алабаковски: Како мерка на претпазливост одземен му е пасошот на пејачот

Еспресо

Кои се обичаите на Духовден раскажуваат старите скопјани и битолчани

Еспресо

Пејачот Ламбе Алабаковски го признал извршувањето на кривичното дело – подметнување на пожарот пред културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола

Еспресо
Се вчитува....