16:52 - 3 април, 2026

Што навистина се случи со 41-годишната пациентка во Штип, ќе се дознае многу наскоро!

Петчлена комисија од Лекарската комора ќе заседава денеска или утре и ќе одбере медицински професионалци кои што ќе одлучат дали имало лекарска грешка во случајот во кој што почина 41 годишна пациентка во штипската болница откако семејството обзнани дека пациентката пред да почине не успеала да добие никого на телефонските броеви за повикување лекар или сестра, а побарала и боца со кислород.

Претседателката на Лекарската комора на Македонија, доктор Калина Гривчева Старделова за ,,Слободен печат” потврдува дека во петокот до нив стигнало барање од Министерството за здравство за стручен надзор на случајот. Бидејќи предметот има итност, Лекарската комора ќе заседава веднаш, а доколку не успее да донесе стручно мислење врз основа на наодите од здравствениот инспекторат, тогаш медицински лица ќе отидат во штипската болница на инфективното одделение да ја согледаат состојбата за конкретниот случај и ќе донесат одлука.

-Петчлена комисија ќе ги одбере медицинските лица кои ќе го направат стручниот надзор. Тие мора да бидат најсоодветни од областа и да не се од установата каде што ќе се врши надзорот, односно да не се од болницата во Штип. Бидејќи случајот има итност, ќе се заседава денеска или најдоцна утре,  рекла доктор Гривчева Страделова за Слободен печат.

Прочитајте го целиот текст ТУКА.

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....