-1.2 C
Скопје
03:56 - 19 декември, 2024

Од ковид-19 почина угледниот бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи!

Заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи починал утринава од компликации со коронавирусот во „Систина“ откако претходно бил лекуван десет дена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, потврдуваат за „Слободен печат“ од болницата.

Тој бил донесен во исклучително влошена состојба и лекарите цела ноќ се обидувале да му го спасат животот, но за жал неуспешно.

Малиќи беше почесен конзул на Мексико, угледен бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје. Тој беше назначен за заменик градоначалник од страна на градоначалникот Петре Шилегов. Малиќи беше советник на ДУИ, управител на компанијата „Гемак Трејд“ и сопственик на „Парк Хотел Спа“ на кејот на Вардар.

Скопскиот татко Петре Шилегов со емотивна порака се прости од својот заменик:

– Некогаш зборовите не можат да ги искажат чуствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух. Денес загубив добар пријател !

Почивај во мир Енвер, пријателе мој !, напиша Шилегов покрај заедничката фотографија.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....