-2.2 C
Скопје
07:22 - 19 декември, 2024

Демант од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје: ЛАЖНА е веста за холандска поддршка на бугарското вето за Македонија

Неоснована и лажна е веста што излезе во некои медиуми во текот на вчерашниот ден дека Холандија ја поддржила Бугарија во блокадата на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и Европската Унија (ЕУ), се вели во реакцијата на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Од таму потсетуваат на одлуката на холандската Влада од 30 октомври оваа година со која се информирал тамиошниот парламент дека првата меѓувладина конференција за Северна Македонија може да се одржи.

– Овој став останува, се разбира, непроменет. Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом се усвои преговарачката рамка, порачуваат од холандската амбасада во земјава.Веста за холандска поддршка на бугарското вето ја објави бугарскиот весник „24 Часа“, кој се повика на неименувани дипломатски извори од Брисел. Во неа се цитираше и пост на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук кој, исто така, се повика на неименувани дипломатски извори во Брисел кои „тврдат дека две земји членки на ЕУ ја поддржуваат Софија“.Таквата содржина беше пренесена и од голем број на македонски медиуми.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....