14.8 C
Скопје
19:53 - 3 мај, 2024

Македонија заинтересирана за руската вакцина против ковид-19, експертите ќе одлучат

Раководството на Северна Македонија ја проучува можноста за купување на руска вакцина против коронавирус, објавува агенцијата Спутник.рс, повикувајќи се на извори од Амбасадата на Русија во Скопје.

Руските дипломати во втората половина од август го известиле министерот за здравство Венко Филипче за успешните резултати од тестирањето на вакцината „Спутник V“ во Русија. Тој бил запознат со можностите за организација на испораки на препаратот преку рускиот Фонд за директни инвестиции, пишува Спутник.

„Ова прашање беше тема на разговорите со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Македонската страна засега ги проучува достапните материјали за вакцината „Спутник V“. Се договорија за сите прашања за кои е заинтересирано Скопје директно да разговараат експертите од македонското Министерство за здравство и Рускиот фонд за директни инвестиции“, соопштија од руската амбасада за Спутник.

Според податоците на Министерството за здравство на Северна Македонија од почетокот на пандемијата во земјата се откриени 15.649 заболени од коронавирусот, од кои само 140 во последните 24 часа.

Неколку дена по 11 август, откако рускиот претседател Владимир Путин ја одобри вакцината за домашна употреба во Русија, македонските здравствени власти изјавија дека немаат намера ниту пак планираат да провајат интерес за нејзино купување по примерот на другите држави.

Нашите експерти од областа на имунологија и имунизација тогаш за Слободен печат изјавија дека за оваа вакцина многу малку се знае поради што и засега не може да се дадат прецизни заклучоци.

Во меѓувреме руското министерство за здравство соопшти дека првата количина на руската вакцина Спутник за ковид-19 е спремна за дистрибуција до граѓаните. Министерството пред четири дена соопшти дека оваа прва количина на вакцината, која е развиена во московскиот национален истражувачки центар за епидемилогија и микробиологија „Гамалеја“ ги поминала сите тестови за квалитет и наскоро ќе биде испорачана во регионите низ Русија.

Министерството исто така соопшти дека масовното вакцинирање против ковид-19 во Русија ќе почне идниот месец.

The post Македонија заинтересирана за руската вакцина против ковид-19, експертите ќе одлучат appeared first on Слободен печат.


Македонија заинтересирана за руската вакцина против ковид-19, експертите ќе одлучат was first posted on септември 12, 2020 at 8:48 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....