2.8 C
Скопје
17:46 - 23 декември, 2024

Македонија не е медена земја туку обична паланка

Медена земја“ не доби Оскар бидејќи така беше одлучено во гласањето на членовите на Американската академија за филмска уметност. Нашиот документарец е извонреден, но гласовите отидоа на друга страна, па во категоријата најдобар документарен филм победи „Американска фабрика“, додека статуетката предвидена за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, сосем очекувано заврши во рацете на креаторите на „Паразит“. Оскарите секогаш се непредвидливи и ретко кога одат по вкусот на гледачите. Така било секогаш.

Но, затоа овој „пораз“ на „Медена земја“ доби нова перверзна димензија во дискусијата на социјалните мрежи. Ако пред Оскарите едни навиваа за македонскиот претендент за Оскар, другиот дел од македонската популација остана на ставот дека Атиџе „не ја репрезентира Македонија во добро светло, туку на нашинците иселени на Запад им прави проблеми кога објаснуваат дека доаѓаат од колепката на цивилизацијата, додека ги пополнуваат формуларите за работна дозвола“.

Сега, откако „Медена земја“ остана и без двата Оскара, приврзаниците на идејата дека филмот заслужува награда, наголемо тврдат дека „сè е местено во Холивуд и дека за да победиш таму, треба да лобираш“. Втората засегната група на социјалните мрежи не може да дојде до воздух од олеснување, бидејќи Академијата не го награди „антицивилизацискиот“ филм од Македонија.

Добро, јас немам никаков проблем со вкусови и различни мислења, но тоа што ми пречи е дека жолчната дебата на Фејсбук се отвори токму во моментот кога на Јутјуб се појави пиратска верзија од „Медена земја“, која за еден ден имаше 40.000 прегледи. Значи најголемиот дел од нашите „критичари“ не појдоа во кино и не платија билет, туку на криминален начин го изгледаа македонскиот кандидат за Оскар.

Пред неколку денови го прочитав продолжението на романот „Солунска 28“, од Ненад Јанковиќ, попознат како Д-р Неле Карајлиќ, кој на само нему својствен начин го опишува успехот на поединците од некоја паланка.

– Паланката најтешко простува успех. Пола од жителите ќе те слават и ќе се радуваат на успехот, додека преостанатите ќе се радуваат на секој твој неуспех – пишува Неле.

Во интелектуална смисла Македонија е паланка. Пола од паланчаните слават, втората половина тажи. Баш како Атиџе што им вели на своите пчели – пола за мене, пола за вас.

The post Македонија не е медена земја туку обична паланка appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....