4.8 C
Скопје
02:54 - 15 ноември, 2024

Лекарите бараат да ги изземат од избирачките одбори: Местото ни е покрај пациентите, а не покрај избирачките кутии!

Доктор Нико Беќаровски, научен советник и раководител на интензивна нега на Универзитетската клиника за токсикологија, со отворено писмо до министерот за здравство Венко Филипче, до премиерот Оливер Спасовски и до претседателот на ДИК Оливер Дерковски, апелира да се изземат медицинските работници од изборниот ден и од Избирачките одбори, бидејќи нивното место е покрај болничките кревети во болниците и покрај пациентите, а не покрај гласачките кутии.

Тој вели дека во овие најтурбулентни четири месеци од историјата на Македонија, здравствените работници и полицијата беа на штитот од одбраната од невидливиот убиец и премолчувале многу работи, но дека ов интерес на јавното здравје нема да го премолчат и фактот што биле повикани да бидат дел од избирачки одбори, ангажман кој одзема повеќе денови, кои наместо да ги искористат грижејќи се за пациентите, ќе треба да ги поминат крај избирачките кутии.

Тие бараат наместо здравствените работници, оваа обврска да и припадне на бројната јавна администрација.

-Вчера добив мејл дека ДИК одлучила повторно да не врати во избирачките одбори. Во држава со преку 135.000 јавна администрација, од која најголем дел ги прележа овие четири месеци, оваа одлука е повеќе од небулозна. Во денови кога ниту со постојниот преостанат здравствен персонал не може да се обезбеди соодветна здравствена заштита, наметнувањето на оваа нова нездравствена обврска ќе претставува колапс на веќе преоптоварениот здравствен систем. Членувањето во избирачки одбори е ангажман од најмалку 5 дена. Зарем мислите дека во дадениов момент, нашето јавно здравство може да поднесе еден значаен дел од здравствените работници да е отсутен 5 дена! Ако е така, зошто ни ги укинавте одморите? Почитувани, укинете ја веднаш оваа погрешна одлука пред да биде предоцна! Здравствените работници секој ден се изложени на контакти со заболени лица и опасноста да ја пренесат заразата на други е многу поголема! Местото на здравствен работник во време на пандемија е покрај болничкиот кревет а не пред кутии! Овој пат нема да ви ќутиме! – вели доктор Беќаровски.

Тој се осврнувајќи се на изминатиот период од пандемијата, вели дека медицинскиот кадар, со ситни исклучоци совесно и беспрекорно ги извршувал работните задачи.

-Да, можеби имаше и ситни или покрупни дезертери и во нашите редови, ама најголемиот дел совесно и беспрекорно ги извршуваше своите работни задачи, иако многу често и без доволно заштитна опрема на себе. Додека другите панично седеа дома, ние деноноќно војувавме и се уште војуваме. Се снаоѓавме како знаеме и умее да стигнеме до работното место, кога целиот превоз не функционираше. Имаше здравствени работници кои пешачеа и по 20 километри, само да стигнат на смена во времето на полициски час. Но, не се буневме. Со денови, недели и месеци не сме ги виделе своите најблиски, ама тоа е дел од нашата професија. И пак не се буневме! Кога стигна наредбата за забрана за докористување на ланските одмори, повторно достоинствено ја прифативме, иако бевме заморени. И пак не се буневме! Кога стигна наредба за потребата од пополнување на испразнетите места на инфективните и другите Ковид центри и таа задача ја исполнивме. Многумина беа прераспределени во други градови, далеку од своите домови. И пак не се буневме, знаевме дека е во интерес на општото здравје. Кога одлучивте дека не смееме да ги користиме ниту одморите од оваа година и цело лето да го поминеме потејќи се со маска, скафандер и визир на себе, си рековме, што да се прави мора, пандемијата коси. И пак не се буневме, за здравјето на нацијата се работи! Но ова нема да го премолчиме, дециден е докторот.

Тој и лично добил известување дека ДИК донела одлука сите здравствени работници и родители на деца под десет години да останат во избирачките одбори каде се избрани, со молба за оваа одлука да ги извести членовите и замениците. Тој лани бил претседател на Избирачкиот одбор 2710 во Аеродром.

Обврските на членовите на избирачкиот одбор како и секоја година се поврзани со гласањето на болните два дена пред изборите, понатаму ангажмани во текот на избирачкиот ден и останување пред кутиите до 21 часот вечерта. Потоа следува броење на гласовите, записници и останување до рано изутрина за да се предадат материјалите.

Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена истакна дека има доволна количина на заштитна опрема за сите лекари и членови на избирачките одбори кои би требало да ги спроведат изборите.

– Како што беше побарано од ДИК, ние го дадовме списокот на здравствените работници кои ќе ги спроведат изборите на сите оние луѓе кои се на домашно лекување, во изолација, и на луѓе со хронични болести за да им се олесни пристапот до гласањето, истакна тој.

The post Лекарите бараат да ги изземат од избирачките одбори: Местото ни е покрај пациентите, а не покрај избирачките кутии! appeared first on Слободен печат.


Лекарите бараат да ги изземат од избирачките одбори: Местото ни е покрај пациентите, а не покрај избирачките кутии! was first posted on јуни 28, 2020 at 10:40 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....