16.8 C
Скопје
11:28 - 3 мај, 2024

Лажните вести за коронавирусот ја рушат довербата во институците

Лажните вести за корона вирусот никако да стивнат. Како растат бројките на заболени од заразата кај нас дома, така расте и бројот на вести со кои граѓаните се доведуваат во заблуда. Лажните вести најмногу се шират на социјалните мрежи. Една таква под наслов „предизвик“ неодамна осамна на социјалната мрежа фејсбук. Во него сопственикот на профилот постирал текст во кој напишал дека не верува во посотоењето на коронавирусот. За да ја потврди својата информација тој напишал и дека е подготвен да влезе во болничките простории каде се сместени болните од оваа опасна болест.
Под профилот се редат коменатри но најголемо внимание предизвика одговорот напишан на лажниот профил на Министерот за здравство д-р Венко Филипче

Важно е да се разликуваат пораките што се вистинити од оние што се лажни.
Според експертот за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов дезинформациите за коронавирусот, но и другите типови на лажни вести одат рака под рака со паниката и стравот чија цел им е да ги дискредитираат институциите со што ќе се предизвиката недоверба кај граѓаните.
Нарачателите или креаторите на лажни вести максимално ја користат дигитализлацијата бидејќи тоа е наједноставниот и најплодниот начин за пласирање своите „информации“ и „вистини“. Но, тој посочува дека е важно да се разликуваат пораките што се вистинити од оние што се лажни.
Во јавноста најраспространето е верување дека вината за светлосното распространување на лажните вести лежи во технологијата, но и во начинот на борбата на институциите со дезинформациите. Сепак според Кордалов не помалку важно е секој од нас да не бега од сопствената одговорност. Тој вели дека пред да споделиме или прераскажеме нешто треба критички да размислиме и да направиме проценка за секоја информација дали е таа кредибилна.
-Институциите мора да наоѓаат креативни начини пораките за спречување на корона вирусот да допрат до секого. Секој од нас има различно ниво на образование, знаење, предзнаење, свесност, се движи во различни кругови. Затоа, во ваква ситуација, не само што е недозволиво, туку е непродуктивно доколку се исмеваме или осудуваме било кој поединец или група. Мора да се погрижиме секој од нас да ја добие потребната информација на свој разбирлив начин. И токму од ова зависи ефикасноста и степенот на целосно почитување на препораките за заштита од проширувањето на корона вирусот, вели Кордалов.
И за здравствените експерти најважно е навремено откривање на сите лажни вести, дезинформации и манипулации за Ковид -19. Тие предупредуваат дека коронавирусот постои и треба максимално одговорно да ги прифаќаме препорачаните здравствени мерки, носење на маски, користење на средства за дезинфекција, држење дистанца.
А освен преполнетите болнци не само кај нас туку ширум светот е уште еден доказ дека коронавирусот е меѓу нас, бидејќи може со часови во ситни капки да остане во застојан воздух, инфицирајќи ги луѓето додека вдишуваат.
Последната вест на фб профилот на министерот за здравство Филипче е дека вчера за жал досега имало најголем број напочинати, 22 ја изгубија битката со КОвид – 19, дека се регистрирани рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Повика на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита од коронавирусот.
-Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран. Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени, напиша Филипче на својот фб профил.

The post Лажните вести за коронавирусот ја рушат довербата во институците appeared first on Слободен печат.


Лажните вести за коронавирусот ја рушат довербата во институците was first posted on октомври 26, 2020 at 9:20 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....