7.8 C
Скопје
15:22 - 22 декември, 2024

Ладен туш од Бектеши

Бројот на заболени не само што не се намали, туку последнава недела и расте, а веќе помина првата недела од јуни. Ова е далеку од прогнозата на Владата, која сѐ зеде предвид кога се правеа уредбите со кои им се дава финансиската помош на фирмите. Тие со намалени приходи можеа да добијат по 14.500 денари за вработен заклучно со мајската плата. За јуни тоа не важи! За јуни, единствено угостителите, туристичките работници и транспортерите ќе може да користат субвенционирање на придонеси.

И додека стопанствениците алармираат дека и понатаму им треба помош, од министерот за економија Крешник Бектеши, стигна ладен туш: „Ако има пари, Владата ќе ја продолжи мерката со која на компаниите им се исплаќаат по 14.500 денари поддршка за секој вработен“, рече тој. Бектеши многу не заобиколуваше и не филозофираше. Кажа, онака како што мајка на дете би му кажала додека плаче по нови патики: „Ако има пари, ќе ти купам, ако не – не!“.

Но дали на 8 јуни може вака лесно да му се соопшти на стопанството, што може, односно што не може да очекува за јуни? Сепак, работите мора да бидат поставени на маса, почесно, почисто и појасно. Владата зборуваше за разни сценарија – полесно, потешко… Излезе дека сме во потешкото. Информациите мора да бидат навремени. И ако не се обезбедени пари, и тоа треба чесно да се соопшти.

Претседателката на Сојузот на стопанските комори на Македонија, Данела Арсовска, изминатиот викенд уште еднаш ја повика Владата да донесе одлука за продолжување на финансиската помош за компаниите. Таа порача дека на приватниот сектор му е потребна предвидливост, затоа што плановите и одлуките за справување со состојбите и задржувањето на работни места претприемачите не ги носат од денес за утре.

Факт е дека сѐ уште ништо не е ни слично на поранешното живеење. Иако отворени, кафеаните слабо функционираат. Хотелите воопшто не проработеа. Со вакви бројки на заразени, нормално е да нема домашни прослави или седенки каде што се троши денар повеќе. Го нема ни шопингот, кој за многумина не е само обично купување, туку е и ритуал на пробување, на шетање по продавници, на „кибицирање“ на омиленото парче облека, кое на крај пак носи повеќе потрошени пари. Школската година заврши без децата да се вратат во клупите, без да се одржат матурските прослави, без да има вообичаено „журкање“. И во многу фирми вработените не се вратија. Работат од дома…

Ваквата клима е трагедија за потрошувачката. Владата го промовираше третиот пакет на мерки и рече овие пари се за заживување на економијата. Но, дали е време на заживување, или пак, сѐ уште е потребно оживување? На пример, најмногу се зборува за ваучерите за летување дома, но каде ќе се летува кога официјалните сместувачки капацитети не работат?

А гледано низ бројки, Владата дебело се задолжува. Веќе е издадена еврообврзницата од 700 милиони евра, земен е заем од ММФ од 176 милиони евра. Позајмени пари има и на домашниот пазар… Сѐ на сѐ, за оваа година Владата соопшти дека се задолжува со речиси 1,2 милијарди евра. Но, исто така соопшти и дека со овие пари ќе се враќа стариот долг од 685 милиони евра. Или кажано народски – работава ни е врвка. Само недостига, без заобиколување, и ова да го соопшти Бектеши.

The post Ладен туш од Бектеши appeared first on Слободен печат.


Ладен туш од Бектеши was first posted on јуни 9, 2020 at 6:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....