Денеска е последниот ден од овогодинешниот Саем на книга, кој се одржуваше од 8 до 14 септември. Пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19 не успеа да го наруши континуитетот на саемот, кој оваа година, поради препораките на Комисијата за заразни болести се одржува на отворено. Дисциплинираните посетители, кои на саемот можеа да влезат само со заштитни маски, се интересираа најмногу за криминалистичките и љубовните романи.
Издавачките куќи, задоволни и помалку изненадени од интересот, коментираа дека Саемот на книга може да се прогласи за успешен.
Софија Стојков од издавачката куќа Антолог, потенцираше дека не се забележала голема разлика во однос на продажбата, во споредба со минатите саеми, кога граѓаните не се соочуваа со страв од заразната болест, додека пак, Павлина Аџимитеска од Магор, нагласи дека љубителите на пишаниот збор најголем интерес појавиле за книги од македонската историја, како и за детската литература.
The post Ковид-19 не ги исплаши љубителите на пишаниот збор (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Ковид-19 не ги исплаши љубителите на пишаниот збор (ВИДЕО) was first posted on септември 14, 2020 at 4:08 pm.