10.8 C
Скопје
02:21 - 3 мај, 2024

Колевски: Не се знаат детали, но место за залутани во обвинителството ќе нема

Се уште нема детали како во практика ќе се одвива најавата на министерот за правда, Бојан Маричиќ, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да работат на мониторинг и анализа на пет проценти на предметите по случаен избор, особено кај оние што има застарување, односно, како што вели, седеле во фиоки.

Првиот човек на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, за Слободен печат вели дека досега немал средба со новиот министер на оваа тема, посочувајќи дека не знае како конкретно ќе функционира и моделот на прочистување.

– Се уште е рано за став. Не знам како по форма и содржина ќе изгледа моделот за прочистување. Ние во Советот работиме по заклучоци од одржаните седници, а секако во рамки на законските можности разгледуваме што е во нашиот домен, вели Колевски.

Што се однесува до имотната проверка на обвинителите, тој оцени дека одлична е соработката до Антикорупциската комисија.

– Процесот на имотната проверка на обвинителите се одвива нормално. За тој што залутал во Обвинителството и нема морален дигнитет, воопшто ќе нема место во обвинителските органи, заклучи претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски.  

The post Колевски: Не се знаат детали, но место за залутани во обвинителството ќе нема appeared first on Слободен печат.


Колевски: Не се знаат детали, но место за залутани во обвинителството ќе нема was first posted on септември 14, 2020 at 3:15 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....