22.8 C
Скопје
12:04 - 29 април, 2024

Коронавирусот не може да се дијагностицира кај нас, спремни ли сме само на зборови?

Во земјава се уште не може да се дијагностицира новиот коронавирусот од кој во Кина досега починаа 259 пациенти, а заболени има и во неколку европски држави. На сомнителната пациентка од Штип всушност и биле направени тестови за други вируси за кои има реагенси во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје, па таа било утврдено дека има грип. Директорот на ИЈЗ Шабан Мемети вели дека ниту земјите во регионот немаат реагенси за новиот вирус.

-Пациентката беше тестирана за други вируси, меѓу кои и тие од групата на коронавирусот. Веќе следната недела очекуваме да имаме реагенси за тестирање на новиот вирус. Има голема побарувачка за овие тестови сега секаде во светот  – вели Мемети.

Тој е дециден дека простор за паника нема, односно дека земјава е спремна за справување со евентуална појава на сомнителен или заболен пациент, како што вчера уверуваше и министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера рече дека се прават  подготовки за нешто што се уште немаме видлив и сериозен ризик.

-Нема ризик за голем број заболени од коронавирусот, но го подготвивме целокупниот здравствен систем во однос на кадар, инфраструктура, опрема, како и за точно одредување на локациите коишто, евентуално, би биле потребни за хоспитализирање пациенти. Сакам да кажам дека сме чекор или два понапред и дека сме целосно подготвени да се справиме со овој предизвик, иако ќе повторам далеку сме од тој ризик – рече Филипче.

„Слободен печат“ три дена се обидува на терен да се увери во ова што министерот го говори. Имено побаравме да снимиме лабораторијата каде се врши тестирање, опремата со која располага Итната помош, како и организацијата и подготвеноста  на Инфективната клиника во случај да се појави сомнителен или заболен од коронавирус и да му е потребна изолација и лекување. Но на нашето барање не одговори  ниту Итната помош, ниту Инфективната клиника. Добивме само одговор дека се следат препораките не СЗО.

За разлика од ова хрватските медиуми објаваат фото и видео во кое може да се види дека во Хрватска карантинот е веќе подготвен, а доколку се појави пациент болен од коронавирус на тамошната клиника ќе биде внесен преку тераса. И српските медиуми објавуваат слики од нивната болница за тропски болести. Таму коронавирусот може да се дијагностицира за само два часа.

По вчерашната прес-конференција на министерот меѓу здравствените работници и населението се отворија многу прашања на кои денеска нема кој да даде одговор. Нејасно е како Клиниката за инфективни болести ќе може да се справи со две заболувања короавирусот и грипот, кои се пренесуваат на ист начин, имаат речиси иста симптоми. Се поставува прашањето каде и како би се сместувале пациенти, дали е возможно да сеизолираат и дали има услови да се направат две единици за интензивно лекување на Инфективната клиника доколку има потреба. Лекарски извори велат и дека на оваа клиника нема протоколи за лекување на заболувања како САРС кој е од истата група на вируси како и коронавирусот.

Она што збунува е тоа што  мерки за сузбивање на ширење на вирусот се применуваат само на скопскиот аеродром. Охрискиотаеродром е без контрола, а и на граничните премини не се преземаат никакви мерки заштита од новиот вирус, иако случаи се регистрираат и во европските земји. Досега не се дадени насоки на делување на вработените во царината, полицијата и сите други служби кои се во контакт со патници кои се враќаат од странство. Се поставува прашањето и како нашите здравствени власти може да се сигурни дека наши граѓани  од Кина не може да се вратат преку аеродромите од соседните земји и потоа да влезат во земјава без да бидат воопшто регистрирани.

 

The post Коронавирусот не може да се дијагностицира кај нас, спремни ли сме само на зборови? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....