18.8 C
Скопје
15:28 - 3 мај, 2024

Конечно и тие што не знаат дали биле во контакт со заразен ќе добијат државен тест за Ковид 19!

Комисијата за заразни болести имајќи ја предвид моменталната епидемиолошка состојба и фазата на епидемијата во која се наоѓаме, на вчерашниот состанок одлучила да се измени алгоритамот за тестирање за коронавирус, кој досега не беше поволен за оние што не знаат или не можат да посочат со кое заразено лице биле во контакт. Имено, од вчера, државен тест ќе може да добијат и тие луѓе со горнореспираторна инфекција а кои не знаат, немаат информација или не се сигурни дека биле во контакт со потврден или сомнителен случај.

Прашањето кое досега им беше поставувано на граѓаните кои се обидуваа на државно да добијат тестирање поради симптоми а кое гласеше ,,Дали сте имале контакт со потврден случај на растојание поголемо од два метри или пократко од 15 минути”, комплетно се отфрла од прашалникот и се заменува со ,,немате информации или не сте сигурни дека сте биле во контакт со потврден или сомнителен случај.”

Со ова прашање се опфаќаат сите пациенти кои немаат информација дека биле во контакт со сомнителен или потврден случај. За ова се информирани сите матични лекари.

На начин што се променува алгоритамот на тестирањето, се анулира можноста системот да ги отфрли лицата што имаат симптоми а не можат со сигурност да потврдат дека биле во контакт со заразен.

The post Конечно и тие што не знаат дали биле во контакт со заразен ќе добијат државен тест за Ковид 19! appeared first on Слободен печат.


Конечно и тие што не знаат дали биле во контакт со заразен ќе добијат државен тест за Ковид 19! was first posted on мај 20, 2020 at 12:21 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....