10.8 C
Скопје
02:03 - 6 мај, 2024

Кои методи ги користат светските држави во борбата против коронавирусот?

Секојдневниот живот ширум светот се менува бидејќи земјите и локалните власти користат различни методи за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, а притоа да овозможат општеството да продолжи да функционира во некоја форма.

Во многу земји училиштата ќе мора повторно да бидат отворени, овозможувајќи им на родителите да се вратат на работа, а децата да го продолжат образованието.

Во Данска учениците помлади од 12 години се вратија во училиштата, при што училишните дворови се поделени со ленти, а масите во училниците се поставени на два метри. Децата доаѓаат и идат на одмор во различни интервали, мијат раце по доаѓањето и на секои два часа остануваат надвор што е можно повеќе.

И Чешка почна со постепено враќање на студентите на универзитетите, почнувајќи од оние кои се во завршни години, а најверојатни наскоро ќе следи и враќањето на учениците во основните и средните училишта.

Чиле ќе почне да издава специјален пасош за луѓето кои по заздравуваањето од новиот коронавирус стекнале имунитет, а благодарение на пасошот за нив нема да има ограничување на движењето

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок изјави претходно овој месец дека Велика Британија ја разгледува идејата за сертификати за имунитет или еден вид пасош, за да се овозможи на оние што имаат антитела што е можно побрзо да се вратат во нормален живот.

Директорот на американскиот Националниот институт за алергии и инфективни болести, д-р Ентони Фаучи  за истата идеја истакна дека може да биде добра во одредени околности.

Турција применува воведување на полициски час само за време на викендите, 48 часа што влијаат врз три четвртини од населението во 31 покраина.

Во текот на неделата, престојот дома се однесува само на оние помлади од 20 години или постари од 65 години.

Во Либија на луѓето им е дозволено да пешачат само од седум часот наутро до 12 часот  попладне, а продавниците се отворени во тој период.

Во Шведска сите кои имаат 70 години и повеќе се советуваат да останат дома.

Во  Перу понеделник среда и петок надвор  можат да излезат само мажите, додека на жените им е дозволено да излезат вторник, четврток и сабота.

Слична мерка е спроведена и во Панама и одредени градови во Колумбија.

Во одредени колумбиски градови граѓаните можат да излезат во однос на бројките на своите лични карти, а одредени земји користат дронови да ги надгледуваат граѓаните  дали ги почитуваат рестриктивните мерки.

The post Кои методи ги користат светските држави во борбата против коронавирусот? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....