19.8 C
Скопје
14:07 - 26 април, 2024

Кина ги засилува контролите врз странците по рекордниот ден на заразени случаи

Кина ги зајакнува мерките за прегледување на патниците од странство и граничните контроли откако беше забележан рекорден број на увезени случаи на заразени со коронавирус со што дупло се зголеми дневниот број на новозаразени.

Кина вчера забележа 99 нови случаи на коронавирус

Кина вчера забележа 99 нови случаи на коронавирус, дупло повеќе од претходниот ден и најмногу во последниот месец, објави кинеската Национална здравствена комисија. Само два од 99 случаи се локално пренесени.

Повеќе од половина случаи се во Шангај, каде 51 случај пристигнале на 10 април со истиот лет од Русија, а 52 случај е државјанин кој стигнал од Канада.

Властите во Шангај во карантин ставиле 92 други патници кои биле во близок контакт со заразените, објави здравствената комисија на градот.

Бројот на заразени во Кина порасна на 82.000, а бројот на жртви изнесува 3.339.

„Ризикот од увезени случаи драматично расте“

За да и помогнат на Русија во борбата против вирусот, група на медицински експерти во саботата пристигна во Москва, како и пратка на медицинска опрема.

„Ризикот од увезени случаи драматично расте“, предупреди денеска Вен Гуонхуи, градоначалникот на Гвангжоу, град во јужна Кина.

Гуангжоу спроведува мерки против заразата над сите кои во градот доаѓаат од друга држава

Гуангжоу спроведува мерки против заразата над сите кои во градот доаѓаат од друга држава, без разлика која националност се, раса или пол, рекол службеникот за надворешна политика Лио Баочун.

„Се надевам дека странските државјани се држат до епидемиолошките правила, како што тоа го прават Кинезите“, нагласи тој.

Во северноисточната провинција Хеилонгјианг, која во саботата имаше 21 нов увезен случај од Русија, локалната влада објави дека границата со таа држава ќе биде затворена и по 13 април. Границата привремено се затвори на 9 април, а повторно отворање е планирано за следната недела.

Посебно ранливи се кинеските крајбрежни градови

Дури и Вухан, град во кој епидемијата изби и кој овој месец излезе од карантин, е ранлив на увезена зараза, кажа кинескиот медицински советник Жонг Наншан.

„Во овој момент епидемијата забрзано се шири на другата страна од морето па посебно ранливи се кинеските крајбрежни градови со блиски меѓународни контакти, па тие би можеле да доживеат повторно враќање на епидемијата“, рекол Жонг.

Тој предупредил дека заради преместувањето на епицентарот на пандемијата од Европа во САД прерано е да се каже кога ќе биде нејзиниот врв.

„Се уште не е време за вадење на маските“, предупредил тој.

Лош третман на Африканците

Одговарајќи на критиките за лошиот однос спрема странците, службениците на Гуангжоу објавиле како спрема странските државјани и Кинезите мерките се спроведуваат на еднаков начин.

Неколку афрички држави бараа Кина да ги истражи извештаите дека се злоставуваат Африканците во Гуангжоу при стравот дека вирусот се шири од странство.

„Мерките против вирусот се однесуваат на сите кинески граѓани и странски државјани, без дискриминација“, рекол Цаи Веи, вработен во локалните безбедносни сили.

Тој истакнал дека сите мораат да се држат до правилата или ќе бидат казнети.

Американскиот конзулат во Гуангжоу минатата недела објавил дека локалните власти им наредиле на кафулињата и рестораните да не ги услужуваат клиентите за кои се чини дека се од афричко потекло.

Луѓето кои биле во контакт со некој од Африка мораат да се тестираат на вирусот и да бидат во карантин, соопштија од американскиот конзулат.

The post Кина ги засилува контролите врз странците по рекордниот ден на заразени случаи appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....