-3.2 C
Скопје
23:43 - 22 декември, 2024

Катастрофалниот земјотрес што го разурна Скопје низ фотографии и видеа

Земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, кој траел долги 17 секунди, регистриран е на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути.

Токму во тоа време, над македонската престолнина која се уривала, летал еден холандски авион.

Запрепастен, пилотот од ваздухот гледал како Скопје полека исчезнува. Кога дошол при себе од првиот шок, тој на светот му ја соопштил трагичната вест: Скопје е урнато!

Скопскиот земјотрес се почувствувал на површина од преку 50.000 километри квадратни, а се смета дека неговиот епицентар бил кај населбата Злокуќани.

Повеќе од 1000 луѓе загинаа, повеќе од 3000 беа повредени.

Поради неговата јачина во Скопје до темел беа урнати 15.800 станови, двојно повеќе беа оштетени, а повеќе од 200.000 луѓе останаа без покрив над глава.

Исчезнаа симболите на Скопје – Стариот театар, Домот на армијата, зградата на Народна банка, хотелот „Македонија“ беше срамнет со земја, урнат беше и поголемиот дел од железничката станица подигната во 1938 година, која во тоа време се сметаше за најмодерна на Балканот.

Кога веста за катастрофата го обиколи светот, Скопје стана град на солидарноста. Помошта стигнуваше од сите континенти.

„Се сеќавам на сè, и плачот и прашината, трчањето на луѓето во потрага по роднините и пријателите. Дали се живи, што се случи? Сè беше цела вечност. Во далечината изгледаше како нешто да гори“, се присетува Ана која тогаш имала 8 години.

По земјотресот градот почна да се гради според модерните проекти на јапонецот Кензо Танге и на Адолф Циборовски.

 

The post Катастрофалниот земјотрес што го разурна Скопје низ фотографии и видеа appeared first on Слободен печат.


Катастрофалниот земјотрес што го разурна Скопје низ фотографии и видеа was first posted on јули 26, 2020 at 8:40 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....